19 Декември, 2025
0.0699

Кој ќе ја гради новата зграда на Министерството за финансии?!?

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2012 12:11

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии одново бара градежна компанија која овој пат навистина ќе ја доизгради поранешната зграда на Југобанка, објект кој се простира на површина од 14.000 метри квадратни. Откако пред половина година Министерството го раскина договорот за градба со словенечката компанија Енергоплан, сега бара фирма која ќе ги изведе градежните, градежно занаетчиските и инсталатерските работи, како и внатрешното и надворешното уредување на објектот. Градежните компании кои до сега имаат изведено најмалку три објекти од високоградба во последните пет години, чијашто вкупна квадратура не е помала од 10.000 метри квадратни со вкупна вредност поголема од 10.000.000 евра можат да ги достават понудите најдоцна до 30 јануари следната година. Од понудувачите се бара и да имаат лиценца „А“ за изведување. „Компанијата треба да има високо стручен кадар кој ќе биде ангажиран за реализација на предметот на набавката и тоа за главен инженер за изведба - раководител на градба - архитект или градежен инженер со работно искуство над 10 години и овластување „А” издадено од Комората на овластени архитекти и инженери на Македонија, минимум двајца дипломирани инженери архитекти или дипломирани градежени инженери, најмалку по двајца дипломирани електро и машински инженери со овластување „А” издадено од Комората, како и најмалку пет дипломирани градежни инженери со овластување „А” издадено од Комората на овластени архитекти и инженери. Главниот инженер за изведба - раководител на градба да бил главен инженер на градба на минимум три изведени објекти/градби од високо градба во последните пет години во земјата или странство, а чијашто површина кумулативно не е помала од 5.000 метри квадратни“, стои во огласот од Министерството. Од потенцијалниот инвеститор се бара и да располага и со своја опрема и механизација. Министерот Зоран Ставрески се решава на овој чекор откако словенечката градежна компанија Енергоплан која требаше до сега да ја доврши градбата на поранешна Југобанка, се соочи со финансиски проблеми и не стигна на време да го сработи договореното, по што Ставрески го раскина договорот. Активирана е и банкарската гаранција на Енергоплан од околу 2,3 милиони евра. Во новата админситративна 11-то катница покрај Министерството за финасии планирано е да се сместат и Бирото за јавни набавки, Државниот девизен инспекторат и Управата за имотно-правни работи.

Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните