20 Април, 2024
0.0254

Кој ќе биде следниот претседател на Русија?

Објавено во: Анализа 24 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Владимир Путин и неговата партија „Единствена Русија“ доминираат на политичката сцена во Руската Федерација без речиси никаква посериозна опозиција која може да го загрози владеењето на вечниот претседател кој единствено се менуваше на премиерската позиција со Дмитриј Медведев. 

Засега на закажаните претседателски избори за следната година се пријавени неколку кандидати од етаблирани руски партии кои имаат присуство и во Руската Дума, но ниту еден од нив нема сериозен рејтинг кој може да го загрози Путин како омилен политичар на Русите.

Кандидатура најави Генади Жуганов, лидерот на Комунистичката партија која има мал број на поддржувачи, а истиот се нема сменето уште од почетокот на 90-тите години. Жуганов својата платформа ја базира на за нијанса модернизирана верзија на комунизам со само 2% поддршка на анкетите. Тој се залага за економска еднаквост на сите класи и поголема контрола на државата врз економијата и стопанството.

Следен е Владимир Жириновски од руската ЛДП кој е силен поддржувач на Доналд Трамп и нема никаква врска со либерална демократија туку повеќе е близок кон радикалната десница. За ЛДП се верува дека е создадена од КГБ со цел да ги привлекува ултра десничарските гласачи и да служи како лажна опозиција на комунистичкиот левичарски режим. Жириновски во фашистилки стил најави дека би ги застрелал своите противници доколку стане претседател, а исто така има учествувано во тепачки во парламентот. Тој најави изградба на ѕид околу Русија со цел да спречел доселување на муслимани.

Руските опозиционери најголеми надежи полагаат во Алексеј Навални кој нема присуство во парламентот, но затоа често е апсен на сите анти-владини протести. Тој на анкетите има поддршка од 1% од гласачите, но треба да се земе во предвид дека е многу тешко да се измери јавното мислење бидејќи постои страв од реперкусии. Навални најверојатно ќе нема право да се кандидира бидејќи го чека судење за кое ЕУ има мислење дека е неправично.

Исто така кандидатура најави и селебрити личноста Ксенија Собчак, но и таа е многу блиска до Путин кој порано бил заменик градоначалник на Санкт Петербург со нејзиниот татко за што веќе пишувавме.

Ова се сите кандидати кои досега покажале интерес да му се спротистават на Путин. Актуелниот руски претседател официјално ја нема најавено својата кандидатура за изборите следната година, но на анкетите мнозинството изразило подготвеност да гласа или за него или за било кој кандидат кој ќе ја добие неговата и поддршката на „Единствена Русија“.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!