22 Јануари, 2025
0.0324

КОЈ ЌЕ ДОБИЕ МАНДАТ: Денеска сите кај Иванов, освен Ахмети?

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Дали и кој сега ќе го добие мандатот за состав на новата Влада. Толкувањата на експертите се различни, но повеќето велат дека ако се следи досегашната логика на претседателот Иванов следен кој треба да добие мандат е СДСМ. Сепак, дел од толкувачите сметаат дека ВМРО ДПМНЕ би можел повторно да го добие мандатот.

Претседателот ќе иврши средби денеска со партиите по што ќе каже дали и кому ќе му биде доверен мандатот за нова Влада. Ситуацијата дополнително е усложнета за ВМРО ДПМНЕ со ставот на наивниот коалиционен партнер ДУИ, искажан од Талат Џафери, кој смета дека мандат би требало да добие СДСМ. На слично мислење се и другите партии на Алабнците во Македонија. Заев веќе се изјасни дека го чека мандатот. Во моментов остануваат во игра неколку опции, а најпосувана од нов за ВМРО ДПМНЕ се нови избори.


„Ова што го применува Иванов е излишно и дека Уставот е јасен и за него како правник. Претседателот ја имаше основната функција да го довери мандатот на политичката паритја која имаше мнозинство во Собранието. Тој го искористи тоа право, сега друга консултација не му треба, освен да продолжи и да го довери мандатот на другата партија која што може да обезбеди мнозинство во Собранието“ - смета Трендафил Ивановски, поранешен уставен судија.


Адвокатот Александар Тортевски, вели дека сега, откако Никола Груевски не успеа да формира влада, претседателот Ѓорге Иванов, според Уставот, е должен мандатот да му го додели на СДСМ. 

-Од синоќа на полноќ, практично мандатот му е вратен на Ѓорге Иванов. Така што, тој треба сега да ѝ го довери на следната партија според бројот на освоените пратенички мандати. Иванов требаше да прави консултации во првите десет дена, кога мандатот беше кај него. Тоа е време за консултации. Сега веќе мора да оди по редослед. Ако не постапи така, тогаш прави кривично дело- злоупотреба на службена положба – вели Тортевски.


Прашан за толкувањето од некои негови поранешни колеги, дека Иванов сега треба да го даде мандатот на друг кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Шкариќ вели дека тоа би било неуставно.

– Тоа ќе биде втор пример на кршење на Уставот. Тој веќе излегол од Уставот со тоа што дал мандат на личност од партија која не обезбедила парламентарно мнозинство, која има само 51 пратеник. И тој треба да знае, како претседател, дека негова модераторска улога е со партиите да разговара, да прибира податоци, да ги повикува во кабинетот, да формира мислење и оценка за парламентарно мнозинство. Надвор од таа рамка е кршење на Уставот – и во 1992 година и сега – ако се оди на втор, на трет мандатар… Не се дава на втор мандатар, туку на тој што ќе може да обезбеди доказ дека има парламентарно мнозинство. Тоа е клучното. Еве, 61 пратеник, за да може да се конституира, ако Иванов има друга концепција или го прифати мислењето на овие колеги, па му го даде мандатот на некој друг, тоа е кршење на Уставот и заслужува импичмент во иднина, откако ќе се промени составот на Собранието. Тоа е кршење на Уставот – порача Шкариќ.


Во Уставот, конкретно во член 90, не е доречена целата постапка во однос на тоа, што следува понатаму доколку првиот мандатар не успее да состави Влада, како што се случи вчера на полноќ. Оттука се појавуваат разни толкувања и шпекулации на поединци експерти кои вршат сопствено толкување на Уставот и прават паралели со уставни практики со други земји, појасни универзитетската професорка Тања Каракамишева.

Додаде дека овие уставни практики се добри кога ќе се подготвува новиот Устав, зашто нашиот устав е недоречен и фаличен во овој дел од постапката, односно немаме натамошна доразработка на постапката и уставни норми што ќе ја доуредат истата.

„Во нашиов случај имаме една уставна норма, член 90, која вели дека мандатот го добива онаа партија што има мнозинство пратеници во Собранието на Република Македонија, што значи дека самиот Устав асоцира на тоа дека изборниот победник го добива мандатот за состав на Влада“, заклучи Каракамишева.


Според пратеникот од ДУИ, Талат Џафери, претседателот Ѓорѓе Иванов треба да му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за да се обиде да состави влада.

Во интервју за косовската ТВ Дукаѓини, меѓу другото, Џафери вели Иванов иако е претседател на државата, работи под влијание на ВМРО-ДПМНЕ.

„Иванов треба да размислува за она што е демократска и парламентарна пракса. Тој треба да работи врз основа на тоа, а не да ги извршува партиските налози на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Џафери.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција