16 Мај, 2024
0.0394

Кој ќе ја лапне најмрсната дивиденда во декември?

Објавено во: Економија 30 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Ако помине предлогот акционерите на „Раде Кончар апаратна техника“ во декември ќе земат 410 денари бруто дивиденда по акција. Тоа е 20 пати повеќе од дивидендата што ја земале од добивката остварена во 2016 година

Скопската компанија „Раде Кончар сервис и поправка на електрични производи“ ДОО како акционер во „Раде Кончар Апаратна техника“ предложи компанијата да исплати бруто дивиденда од 410 денари за акција. На последната пазарна цена што таа акција ја постигнала на берзата на 12 октомври годинава од 1.750 денари приносот по основ на дивиденда е 23,4 отсто и друг таков немало годинава.

Доколку сопственик е физичко лице кое ја купило таа акција на цена од 1.750 денари тогаш по одбивањето на персоналецот нето добивката за акција е 369 денари а приносот на последната пазарна цена е 21,1 отсто. Акционерот што ја предлага оваа точка има 7,3 отсто од акциите во „Раде Кончар“ и е квалификуван да поднесува предлози на акционерско собрание. Акцијата на „Раде Кончар“ на 12 октомври ја достигнала својата највисока годишна цена што наведува на заклучок дека некој инвеститор веројатно ја имал оваа ценовно-чувствителна информација пред нејзиното објавување на Македонската берза за хартии од вредност. Сумата што предлагачот предлага да се подели во дивиденда е 1,376 милиони евра. Во предлог одлуката пишува дека последен рок за посед врз акции со право на дивиденда е 4 декември, а исплатата ќе биде на 6 декември.

Од каде парите за дивиденда?

Во образложението кон предлог одлуката акционерот пишува дека „Раде Кончар“ треба да дели дивиденда затоа добил правосилна пресуда да наплати 3 милиони евра годинава и дека заради тоа на последното акционерско собрание во август годинава му одобриле на Одборот на директори да ги корегира финансиските извештаи и таа сума да ја внесе односно да ја прикаже како приход остварен во 2017 година. Врз основа на тоа побарале добивката од работењето од 2017 година која изнесува околу 1,5 милиони евра да биде прераспределена на тој начин што 1,376 милиони евра ќе бидат распределени како дивиденда на сите акционери, а остатокот ќе оди во резерва и во акумулирана добивка. Според податоците достапни на веб страницата на берзата (во модулот Издавачи) „Раде Кончар“ лани имал вкупен приход од неполни 30.000 евра, оперативна добивка од околу 125.000 евра и добивка по оданочување која надминува 150.000 евра. Дали ќе биде прифатен предлогот ќе видиме на акционерското собрание закажано за 21 ноември годинава. Исходот зависи и од другите големи поединечни акционери: ДОО „Раде Кончар заеднички дејности“ кој поседува 5,2 отсто од акциите со право на глас и домашните физички лица Аце Антевски со 10,5 отсто акции и Велибор Киријас со 6,2 отсто акции. Во „Раде Кончар“ има уште 10 домашни фирми кои заедно поседуваат околу 10 отсто од акциите со право на глас и уште 622 домашни физички лица кои поседуваат околу 60 отсто од акциите.

Што е „Раде Кончар апаратна техника“?

Друштвото функционира како холдинг компанија со повеќе самостојни друштва со ограничена одговорност и функционира како самостојно инвестициско друштво. Во својата палета на производи и услуги друштвото се занимава со производство на  производство на AC и DC управувани моторни и помошни контактори , модуларни контактори, биметални релеи, нисконапонски прекинувачи, брегасти склопки, електронски временски релеи, тастери, со еден збор, ги произведува сите основни елементи на релејно контакторско управување и останати електрични постојки како и сервис и поправка на електрични производи.


Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно