Кој ќе ја преземе одговорноста во ГОБ „8 Септември“ за бегството на заболениот од ковид?
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2020
Синоќа околу 21.00 часот од ковид-центарот во ГОБ „8
Септември“, каде што се лекуваат 35 пациенти, без да биде забележан
од никого, пациент од Куманово успеал да побегне, а полицијата успеала да го
најде дури по 5 часа.
Од МВР велат дека синоќа во 21.30 од болницата им јавиле дека избегал пациентот Б. И. од Куманово. Полицијата веднаш била ангажирана и по петчасовна акција успеале да го најдат и да гои вратат во болница.
Инаку, пациентот бил хоспитализиран на точно пред шест дена, а како што вели директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р. Христијан Костов за САКАМДАКАЖАМ.МК тој со возило на Брза помош од Куманово бил донесен во тешка состојба со пневмонија предизвикана од корона вирусот. Болницата ги контактирала социјалните служби за да може да се покрие неговото лекување и од тогаш е хоспитализиран во специјалното одделение во кое се третираат пациенти со компликации од ковид-19.
-Пациентот почна да заздравува, стана од кревет, почна да шета и дежурната екипа околу 9 часот навечер во вторникот забележала дека го нема и веднаш пријавиле во полиција. Полицајците го нашле околу 2 по полноќ во близина, во дворот на болницата. Мислиме дека немал контакт со никого, но за секој случај го изолиравме во посебна соба, вели д-р Костов за САКАМДАКАЖАМ.МК.
По овој случај, во период кога секојдневно се зголемува бројот на новозаразени од ковид и кога по бројот на починати пациенти Македонија е на врвот на земјите во регионот, јавноста е веќе разбранувана и прашува ќе преземе ли веќе некој одговорност во ГОБ „8 Септември“. Реакциите се во насока колкава штета нанел болниот пациент, кој е огромен ризик за ширење на заразата, и за време од 5 часа додека се шетал дали можеби веќе имал контакт со некого.
А.Б.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.