15 Декември, 2025
0.0801

Кој ќе лапне бизнис со струја во индустриските зони?

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2023 07:40

Добивај вести на Viber

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) ќе склучи договор со компанија која ќе гo интегрира производството на електрична енергија од инвеститорите во индустриските зони и ќе ги продава вишоците на струја, а при тоа ќе ги гради и фотонапонските централи.

Владата на седница на 24 јануари дала согласност на ваквата идеја донесена од страна на Управниот одбор на ТИРЗ на 7 ноември лани.

Станува збор за одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и пренос на фотонапонски електроцентрали во двете индустриски зони во Скопје, понатаму Штип, Струмица, Гевгелија, Прилеп и Струга.

Ист договор за јавно-приватно партнерство има и ЕСМ со турската Фортис Електрик и бугарската Солар Про за изградба на фотонапонска електрана во Осломеј од 100 мегавати. Вредност на инвестицијата треба да биде 70 милиони евра.

Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, месецов веќе информираше дека се во завршна фаза на изработка на физибилити студија за фотоволтаични централи во рамки на зоните и дека се планира капацитетот да биде од 45 до 50 мегавати, што е огромен капацитет во македонски рамки.

„И покрај тоа работиме на мерки со кои на компаниите им овозможивме да постават фотонапонски централи и струјата да ја користат за сопствени потреби, а наскоро ќе излеземе и со предлог како да се искористи вишокот струја во системот“, изјави лани во една прилика Деспотовски.

Зголемувањето на цената на електричната енергија донесе четири и пол пати повисоки сметки за струја кај компаниите од автомобилската индустрија, беше кажано лани од претставници на странските инвестори во земјата.

Овие компании, според Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, бараа поедноставување на процедурите за поставување фотоволтаици на објектите - да нема лимит на големината на инсталацијата на фотоволтаиците на кровните конструкции на објектите, а истовремено да се дозволи можност за продажба на вишоците на струја на слободниот пазар, посебно за компаниите во Технолошко индустриските развојни зони.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност