Кој ќе пее на плоштад за Нова Година, како ќе ја испратиме 2016-та?
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2016
Граѓаните на Скопје, како и сите посетители и туристи вистинско новогодишно расположение ќе може да доживеат од 24 декември кога започнува официјалниот ден на прослави во организација на Град Скопје.
- Градот Скопје и оваа година подготви интересна содржина за жителите на градот, по која ќе ја запомнат 2016 година. Од 24 декември се отвора портата на Новогодишниот базар на улица „Македонија“ во Скопје, кој ќе се одржува под мотото „Подари Среќа“. Базарот ќе биде место каде сите посетители ќе можат да купат интересни подароци за најблиските и пријателите. На посетителите ќе им бидат достапни рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божикно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколади и многу други производи. За најмладите е подготвена детска програма, секој ден од 10 до 13 часот, а истата вклучува новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на Поточиња и Златно Славејче, многу детски игри, претстави и настап на магионичарот Кристијан. Дедо Мраз и оваа година ќе пристигне на 31 декември во 11:30 часот, кога ќе се приклучи на новогодишната парада. Музичката програмата во попладневните часови започнува со новогодишни попладневни (after-work) забави и завршува во 22.00 часот со настапи на македонски изведувачи - рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
Директорот на секторот за маркетинг и комуникација на Македонски Телеком, Радмила Димова ја претстави централната музичката програма за 31 декември, која ќе биде проследена со неколку минутен огномет.
- Македонски Телеком веќе 10-та година по ред се вклучува во прославата за дочекот на Новата Година во Скопје. Забавата ќе започне во 19:30 часот со DJ Douz, потоа настапува Адријан Гаџа од 21 до 22 часот. Следува Слаткар од 22:10 до 23:10 часот, а Новата година ќе ја дочекаме со настапот на Каролина Гочева, кој ќе започне од 23:15 до 00:15 часот и настапот на Миле Кузмановски, кој што ќе ги забавува присутните се до 01:30 минути по полноќ – кажа Димова.
И оваа година каде дел од програмата за дочек на Новата Година ќе се одржи веќе традиционалната Дедомразовска трка.
- Во пресрет на божикните и новогодишните празници навистина ни е големо задовоство што и оваа година се вклучивме во целокупната празнична магија. Дедомразовската трка оваа година ја организираме по трет пат и на наше големо задоволство истата предизвика огромен интерес. Пивара Скопје секоја година се вклучува во настани што се поврзани со заедницата, настани што се поврзани со семејните традиции. Ни претставува задоволство што и оваа година се вклучуваме во дочекот на Новата Година и помагаме истата да ја направиме повесела и поинтересна за оние кои се заинтересирани да ги проследат дел од содржините кои ги нуди Градот – кажа Катерина Хаџи-Ангелеска – Начевска, претставник од Пивара Скопје.
Градот Скопје оваа година издвои 3 милиони денари за организацијата на Новогодишниот базар и дополнителни 2 милиони денари за дочекот на Новата Година.