05 Декември, 2025
0.0510

Кој ќе подели 15 милиони евра бруто дивиденда сработена за шест месеци?

Објавено во: Економија 27 Септември, 2021 07:20

Добивај вести на Viber

Повеќе од 11 милиони евра се добивка за првите шест месеци од работењето на цементарницата, а другите речиси 4 милиони евра се вишок од ревалоризација која се „форвардира“ во авансна дивиденда


Најголемиот акционер на скопската цементарница „Усје“ ја повторува праксата од лани. Дели авансна дивиденда, а одлуката ја донесе бордот на директори на седницата одржана во средата на 22 септември.

Станува збор за бруто износ од 15,09 милиони евра кои „Усје“ ги има обезбедено по два основи. Првиот е добивката за првото полугодие годинава која изнесува над 11 милиони евра, а вториот е од вишокот на ревалоризациски резерви вклучени во капиталот и кои изнесуваат речиси 4 милиони евра.

Збирот од овие две ставки прави вкупен бруто износ од 15,09 милиони евра дивиденда односно бруто износ од 1.646 денари (26,8 евра) по акција. Од овие 15,09 милиони евра во земјава ќе останат нешто над 2 милиони евра. Од нив 750.000 евра е бруто износот на дивиденда на 234 домашни физички и правни  лица. Другото е по основ на данок. Акцијата на „Усје“ носи дивиденда доколку се тргува до 6 октомври годинава. Дивидендата ќе биде исплатена најдоцна до крај на оваа година.

„Усје“ за првите шест месеци годинава оствари нето добивка од 11,2 милиони евра на приходи од продажба во износ од безмалку 50 милиони евра или 20 отсто повеќе од истиот период лани.

Најголем дел од дивидендата оди во Холандија кај мнозинскиот акционер „Титан Цемент“ односно 95 отсто од добивката соодветно на учеството на оваа компанија, дел од грчката групација, во акционерската структура на скопската компанија.

Скопската цементарница е една од првите , а и ретките, успешни приватизации со откуп на акции од страна на странски инвеститор. Тоа се случи во веќе далечната 1996 година значи пред четврт век. При оваа аквизиција мнозинството вработени ги продадоа своите акции по фер цена и во тоа време остварија капитални приливи повисоки од по 100.000 германски марки што беше своевидна револуција во македонската транзиција.

„Усје“ редовно дели дивиденда на своите акционери. За последните три години исплатен е кумулативен бруто износ повисок од 100 евра за акција.

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември