25 Ноември, 2024
0.0342

КОЈ ЌЕ САКА ДА ТУРИРА, ЌЕ МУ ГО ЗЕМАТ МОТОРОТ НА ТРИ МЕСЕЦИ - со новиот закон МВР ќе ги доведува во ред дрските учесници во сообраќајот

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Конечно ќе се стави ред со возилата кои се неисправни, небезбедни или предизвикуваат голема бучава во сообраќајот. По една година чекање во законодавниот дом, народните избраници во последниот месец од мината година ги изгласаа измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, што од 26 декември веќе влегоа во сила.

МВР вчера соопшти дека согласно со овој закон, возилата што се технички неисправни или учествуваат во сообраќајот со истечена сообраќајна дозвола повеќе од шест месеци, ќе се одземаат на 90 дена. Полициските службеници веќе „собрале“ 24 возила, и тоа едно во Скопје, осум тетовски, десет струмички, како и пет од Штип.

Еве што точно стои во законските одредби. „Полицискиот службеник ќе го исклучи од сообраќај возилото кое не е регистрирано, за кое не е продолжен рокот на важноста на сообраќајната дозвола, за кое е утврдена техничка неисправност или нема пропишани регистарски таблици. Полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Доколку биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена. Полицискиот службеник кој го исклучил возилото од сообраќај на возачот на самото место, привремено ќе му ја одземе сообраќајната дозвола или регистарските таблици“, децидно се наведува во законот.

Сите трошоци при оваа постапка на одземање, а потоа и на враќање на возилото, ќе бидат на товар на самиот возач.

Извори од МВР за Фактор објаснуваат дека е добро што по толку долг период на чекање и заглавеност на овој закон, делумно заради политички причини како што беа изборите, а потоа и поради корона кризата, тој конечно стапи на сила. Законот, како што велат, многу ќе им помогне и за да се „стават во ред“ дрските моторџии, нешто што се планира поинтензивно од пролет, кога тие, практично, ќе почнат да го малтретираат населението со своите „егзибиции“.

„Со законот е предвидено дека доколку возилото е технички неисправно или предизвикува голема бучава, може да биде одземено на 90 дена односно три месеци. Што значи, сите тие делови кои моторџиите ги додаваат за поголема ‚туража' и со кои ги вознемируваат граѓаните, сега ќе се сметаат за техничка неисправност и ќе можат да им бидат одземени на три месеци“, објаснуваат извори од МВР.

Ова ќе важи и за сите други возила, кои покрај бучавост, испуштаат и премногу чад од ауспухот, пребавно возат, или не можат да закочат, односно да застанат веднаш со сопирачките.

Вакви законски новини МВР предложи откако претходно беа откривани голем број возила на поединци или на фирми кои со години возеле нерегистрирани, но и технички неисправни возила, кои, како што сите знаеме, се главни причини за тешките сообраќајки. Сега тие брзо ќе се отстрануваат од собраќајот. Истото ќе важи и за оние што ќе возат без положен испит или со истечена возачка, но и тие кои возат под дејство на антидепресиви, уморни, пијани или под дејтво на дроги.

Исто така, со новиот закон ќе се изрекува санкција - престанок на важење на возачка дозвола од категоријата за која им била изречена прекршочната санкција – забрана за управување, доколку во период од една година од денот на правосилноста на одлуката учесниците во сообраќајот сториле друг сообраќаен прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција - забрана на управување со моторно возило, изречена за истата категорија. 

Ова всушност значи дека ќе има трајно губење на возачката дозвола. Тоа е со намера да се санкционираат возачите кои често прават посериозни прекршоци во сообраќајот, а кои потоа резултираат со сообраќајни незгоди со тешки последици.

Инаку, пред да биде конечно усвоен овој закон претрпе неколку измени, а истиот на надлежните собраниски комисии го објаснуваше заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши. Тој наведе дека со измените овој закон се усогласува со Законот за прекршоците во делот на прекршочните одредби, односно глобите.Или, во однос на физичките лица, сега нема да постои мандатниот платен налог, туку ќе се издава прекршочен платен налог, изрекување на глоба.Ќе се бришат и дел од одредбите кои се однесуваат на регистрирањето на негативните бодови.

Она што е важно во овој закон е и тоа што се зголемува старосната граница во поглед на важењето на возачката дозвола на повозрасните возачи. Или, ако досега беше дозволено возење до 70 години, сега е тоа ќе важи до 75 годишна возраст.

Инаку, со новиот закон казните ќе бидат намалени поради усогласување со веќе усвоениот нов Закон за прекршоци, но казните за брзо возење, алкохол и престигнување не се намалени. Казната за физичките лица можат да бидат и поголеми од 250 евра доколку прекршокот го загрозува животот и здравјето на луѓето. Новост е тоа што се укинуваат негативните поени во возачките книшки, а нема веќе замена на казната за негативни поени. Казната за некористење на трепкачи ќе изнесува 35 евра. Ако не се вклучени соборните светла преку ден казната ќе биде 15 евра, а за незапалени светла навечер – 35 евра.

Во законот, за прв пат, се наведени и бројни одредби за регулирање на оние кои управуваат со електрични тротинети, кои стануваат се популарно превозно средство, особено на скопјани.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик