26 Ноември, 2024
0.0350

КОЈ ЌЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ДЕЦАТА: Отворање на градинките ниту на повидок, а родителите мора да одат на работа

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Огромен е бројот на родителите кои загрижено прашуваат кој ќе ги чува децата,  бидејќи со почетокот на пандемијата градинките беа први кои ги затворија вратите. Од мај месец се зборува за повторно отворање на овие установи, но тие никако да почнат со работа, а проблемот со грижа околу најмладите се провелекува и во текот на летните месеци, бидејќи најголемиот број од родителите мора да одат на работа. На почетокот на неделава, Комисијата за заразни болести имаше состанок со претставници од Министерството за труд и социјална политика, но за Фактор откриваат дека од оваа надлежна институција дошле целосно неподготвени, со протоколите кои беа утврдени за летните месеци, кога се планираше, најголемиот дел од денот децата да го минуваат во дворовите на градинките.

- Состаноци ќе имаме повторно, но многу тешко ќе оди отворањето на градинките. Од Министерството за труд и социјална политика немаат подготвено протоколи како сето тоа би се организирало, а да биде безбедно по здравјето на децата. Само околу 30 проценти од градинките би можеле некако да се организираат за непречена грижа околу најмладите. Групите не смеат да бидат преоптоварени, а се знае дека таму има и по 30-тина деца, што е навистина многу. Главно е да бидат редуцирани, но мора да имаме комплетна слика од Министерството за труд колкави се просториите, по колку деца има во установите, не може туку така да речеме, ајде почнувајте со работа во услови на најголемата пандемија во светот. Од друга страна, пак, имаме среќа што децата не се ризична група кога станува збор за корона вирусот. Само 2 до 3 отсто може да се раболат, но наша работа е да обезбедиме најдобри безбедни услови за здравјето на децата, вели д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за заразни болести и директор на Центарот за јавно здравје.

Родителите не можат да си дозволат жена да им го чува детето

Истовремено, родителите со кои разговараше Фактор веќе не знаат што да прават. Бараат разбирање од работодавците, па една недела оди таткото на работа, една недела оди мајката на работа, за да може сиве овие месеи да се грижат за своите синови, ќерки...

- Немаме ниту баба, ниту тетка, ниту комшика да го оставите детето на чување, ниту пак може да си дозволиме жена да ја чува нашата 3-годишна ќерка. Не е исто да плаќате 1.490 денари за во јавна установа, во споредба со најмалку 8.000 денари да ви го чува детето жена. Не станува за ден-два, ова трае со месеци веќе, а како што слушаме од медиумите, градинките тешко дека ќе почнат да примаат деца од септември. Навистина не знаеме што понатаму. Досега на работа имаа колку толку разбирање, дел од работата можам да ја вршам и од дома, но тоа не е решение. Ни се закануваат со откази, еве кажете што да правиме, очајно прашува Виолета Петковска, чија ќерка има само три години и нема кој да ја чува.

Градинката е посебен дел од правилниот развој на децата

Загрижени се и воспитувачките и учителките вработени во градинките. Се плашат дека платите ќе им бидат намалени, но пред се како што појаснуваат, седењето дома е најужасната работа што им се случи.

-Сите бевме на тој задолжителен скрининг кога во мај се подготвувавме да почнеме со работа. Колку што се сеќавам, само неколку случаи во цела Македонија беа позитивни на корона вирусот. Време е ненако работите да тргнат нанапред. Колку и да се мали, за децата е исклучително важно да одат во градинка од сите аспекти. Токму во таа возраст научуваат дека дел од денот се одвоени од семејството и дека тоа е сосема нормално, се социјализираат со врсници, почнуваат да знаат дека треба играчката да се сподели со останатите, стекнуваат емоционална интелигенција, сочувствуваат со другарчето. Не е така едноставно и ние и тие да бидеме дома. Надлежните мора да најдат начин да профункционираат градинките, вели за Фактор, Р. Б., педагошки работник во една од скопските градинки.

Како и да е, засега вратите на градинките остануваат затворени, се додека надлежните не испланираат најбезбеден модел според кој ќе се одвива работењето и во јавните  установи за грижа на децата, но и во приватните градинки.

Анита Буховски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик