24 Ноември, 2024
0.1238

КОЈ КОГО ПОКАНИ И КОЈ БАРАШЕ СРЕДБА - за одговорност ќе се чека извештајот на Санитарниот инспекторат

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Кумановскиот состанок на Кризниот штаб одржан во средата не престанува да ја бранува јавноста. Како се случи таму да отиде техничкиот премиер заедно со тројца министри, дали тоа било на покана на кумановскиот градоначалник, или на барање на Владата, двете страни излегуваат во јавноста со сосема спротивставени ставови.

Вчера доцна попладнето кумановскиот градски татко Максим Димитриевски се огласи преку својот фејсбук профил со доста опширно објаснување, каде повторува дека средбата во Куманово не била на негова покана, туку на барање на Владата.

Со оглед на тоа што во јавноста излегоа голем број информации за тоа дека наводно јас и членовите на општинскиот штаб сме биле неодговорни кон заедницата, вели Димитриевски, би сакал да изјавам дека во ниеден момент не сум дозволил да загрозам нечие здравје со моето однесување. Резултатите од тестовите што по вторпат се прават за целиот Кризен штаб и придружните членови и луѓе ангажирани во ризични подрачја ги чекавме пет дена.

„Средбата во Куманово со владини претставници не беше остварена на моја покана, туку на барање на Владата. Информацијата дека постојано се прават проверки на здравјето на лицата од општинскиот кризен штаб е јавна и ја знаат сите членови на штабот и институциите на министерството за здравство на локално ниво.
Средбата се оствари за дополнително брифирање на владата и елаборација на фактичката состојба на терен поврзана со епидемијата за која укажуваме со недели“, објаснува градоначалникот.

Димитриевски нагласува дека сите присутни носеле маски, освен во момент кога техничкиот премиер Оливер Спасовски и тој даваа изјави за медиумите, но и тогаш држеле препорачана дистанца.

„Со оглед на тоа што првиот тест беше негативен пред две недели, а немавме никакви симптоми, најмалку очекував дека ќе има позитивени тестови од членовите на штабот, но очигледно големите контакти со луѓе во обид да се разрешат сите проблеми во градот со вирусот КОВИД 19, придонесе пет члена од општинскиот штаб да имаат позитивни тестови и сите тие од различни институции. Се поставува прашање ако се следат епидемиолошките алгоритми на Комисијата за заразни болести - како досега не бевме оценети како ризични, бидејќи очигледно сме заразени од лице кое веќе имало вирус“, пишува Димитриевски.

Куманово, додава, е град каде има најголем број случаи според број на жители. Бара истрагата да ја утврди одговорноста, но не сака ова да прерасне во јавна дебата.

„Секој од нас носи одговорност, јас најголема и поради тоа барав од Владата со недели да бидеме изолирани. Истрата нека ја утврди фактичката состојба и евентуалните системски недостатоци, пропусти и одговорност. Не сакам оваа ситуација да прерасне во јавна дебата без потреба, мора да се сконцентрираме и сите заеднички да ги насочиме силите и да ја поразиме епидемијата“, завршува во својата изјава Димитриевски.

Ова следува откако премиерот Спасовски уште завчера вечерта објави дека од Владата не биле известени дека имало тестирање на градоначалниклот, во спротивно, немало да одат таму.

„Не знаевме дека имало тестирање на градоначалникот или членовите на штабот, никој за тоа не не извести. Доколку знаевме дека имало тестирање, сигурно дека немаше да се оствари таа средба“, напиша Спасовски. 

На оваа тема ќе истражува и Државниот санитарен инспекторат. Тој во Куманово веќе прави увид, што вчера на пресконференцијата го потврди и министерот за здравство Венко Филипче. 

„Се прави увид во однс на идентификациите и тестирањата. Ќе го почекам извештајот од инспекторатот, после што ќе излеземе и со официјален став“, рече Филипче.

Од Владата за телевизија Телма изјавиле дека на покана на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и општинскиот кризен штаб одлучиле да бидат дел од состанокот на кризниот штаб на највисоко ниво за да може директно да се запознаат со ситуацијата, да добијат брифинг од сите одговорни лица кои се задолжени за борба со коронавирусот и да носат одлуки кои се од најголема корист за населението. 

„Прес конференцијата беше побарана и организирана од страна на локалните власти, а техничкиот тим од владата кој го следи премиерот даде инструкции по следниов протокол: најпрво дезинфекција на цел простор и говорницата, поставување на микрофони на говорница, замолување на камерманите да се позиционираат на безбедно растојание од 3 метри и сите да носат заштитна опрема“, одговориле од Владата.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП