Кој му се „намерачи“ на „Фијат Крајслер“?
Објавено во: Свет 21 Август, 2017
Кинескиот авто-гигант „Great Wall Motor“ е заинтересиран за купување на Фијат Крајслер, ја пренесува АФП, изјавата на претставник од кинеската компанија.
Засега не се соопштени повеќе детали.
Експерти за автомобилскиот пазар и претходно предупредуваа дека произведувачи не би смееле да ја потценат конкуренцијата која доаѓа од Кина, уште пред неколку години во компанијата „Great Wall Motor“ говореле дека имаат големи амбиции за европскиот, но и светски пазар.
Шефот на FCA Серџо Маркони, досега неколкупати го демантираше преземањето на Фијат, на пример тоа најавеното од VW. За овој случај не се огласил се уште.