Кој не сака да биде директор?! 550 лица аплицирале за 99 места!
Објавено во: Економија 12 Јули, 2013 15:07
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска соопшти дека колу 550 лица конкурирале на вториот јавен повик на Владата за вработување на директорски позиции.
Како што соопштуваат од владата, ако се земе во предвид дека едно лице конкурирало за повеќе позиции, тогаш бројката на поднесени апликации изнесува околу 700.
Со вториот јавен повик беа опфатени 99 раководни функции, од кои 40-тина за централно ниво, а останатите за подрачни единици на државните институции.
„Најинтересни позиции, според податоците, се секторски директор во МЕПСО за која конкурирале 36 лица и организаторски директор на клиниките, каде што во просек конкурирале по 25 до 35 лица“ –рече Ѓорѓиев.
Приближно толку кандидати се пријавиле и за секторски директор за финансии и секторски директор за сметководство и трезор во Фондот за здравствено осигурување, како и за медицински директор на универзитетските клиники.
„Добар интерес, согласно очекувањата, е покажан и за позициите директор на Јавното претпријатие за државни патишта и за директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, за позицијата член на Управен одбор во МЕПСО, за М-НАВ и други позиции“- рече Ѓорѓиев.
Неочекувано, голем интерес имало и за раководните позиции на подрачни единици - за тие на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, за подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на Управата за имотно правни работи, на Управата за матична евиденција, како и за подрачните единици на Агенцијата за вработување. За овие позиции конкурирале во просек по 10-20 лица.
Од Владата велат дека селекцијата за првиот јавен повик е веќе направена и оние кои влегле во потесен круг, ќе бидат повикани на интервјуа.
Можеби ќе ве интересира
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар




