26 Април, 2024
0.2184

Кој носел оружје во Собранието на „крвавиот четврток“?

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Обвинетиот Захарие Симовски е третиот, по браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои денеска даваат своја одбрана за случајот со 27 април лани, кога имаше упад во Собранието. 

Симовски призна дека носел пиштол во Собрание, а кажа и дека во прес салата видел реакција на Игор Југ, кој посегнал со раката по пиштолот.

На прашање на обвинителката Вилма Русковска дали и некој друг носел пиштол, Симовски рече дека по зборување во Собранието и покажување на оружјето на трето лице во Жена Парк, оружје носел и Јане Ченто.

Тој од 2015 година му бил личен телохранител на обвинетиот Александар Василевски Нинџа и оттогаш запознал уште тројца од обвинетите: Никола Митревски Кољо, Младен Додевски и Дејан Давидовски Дешо, кој е во бегство. 

Тој раскажа дека Нинџа бил близок и се гледал со лица од УБК, Никола Бошковски, Дејан Боксер и Владимир Атанасовски.

„Некаде периодот септември 2016 година кога Владимир Атанасовски станува директор, тој одржува состанок со Нинџа по кој Нинџа нѐ свикува нас и ни се обраќа со зборовите дека му се дадени одврзани раце и за секое дејствие ќе бидеме заштитети од безбедносните структури. Потоа Нинџа ме викна мене и ми задолжи оружје со насока да го носам при себе само кога има директна негова наредба која некогаш ми била пренесувана од другите лица со кои, на еден начин, бев колега“ – раскажа Симовски.

Во предизборната кампања за парламентарните избори во 2016,  тие како телохранители на Нинџа дејствувале како втор обрач обезбедување на поранешниот премиер, Никола Груевски.

„Кога се увиде фактичката состојба дека изборите се прилично неверодостојни лицата од УБК почнаа зачестено да доаѓаат во Аристократ и да се движат зачестено со Нинџа. Воедно правеа планови што би се случувало ако ВМРО-ДПМНЕ загуби на изборите. Потоа ни беше дадено насока да одиме на протестите пред ДИК“ – кажа Симовски.

Бидејќи протестите не биле насилни, Нинџа им понудил на двајца членови на навивачката група Фемили Аеродром да се приклучат на протестите за да има повеќе млади и им навестил немири. Во замена им нудел да им помогне на нивни другари кои се затвор за престојот таму да им биде попријатен. Тие го одбиле, па потоа Нинџа стапил во контакт со патриотските здруженија.

Симовски кажа и дека пред протестите често се случувало Нинџа да влезе во штабот на ВМРО-ДПМНЕ каде нему не му бил дозволен влез.

На 27. април му се јавил еден од еден од телохранителите на Нинџа, Дејан Давидовски Дешо кој му пренел дека Нинџа рекол да го земе ,,таквото” што всушност, појасни Симовски, е шифриран збор да го понесе со него оружјето. И тој, како и браќата Младеновски кажа дека дента се собрале во ресторанот Дион од каде се упатиле кон Собрание откако обвинетиот Никола Митревски Кољо добил повик.

Инаку, и овој обвинет зборуваше за планирани напади врз функционери од СДСМ, па кажа дека Нинџа им пренел порака од директорот на УБК Владимир Атанасовски за да се нападнат домовите на Петре Шилегов и Радмила Шекеринска, и да се запали возилото на Љубомир Фрчкоски.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?