КОЈ ПЛАТИ 580 ИЛЈАДИ ЕВРА - блок трансакција со акциите на „Алкалоид“, продадени 1.754 акции
Објавено во: Економија 01 Март, 2024
Акцијата на нашата најголема и најуспешна фармацевтска компанија „Алкалоид“ е секогаш интересна за инвеститорите, а доказ за тоа е континуираниот пораст на нејзината цена, како и ликвидноста на пазарот, односно големата фреквенција на тргување со оваа хартија од вредност.
Вчера со акциите на ова акционерско друштво помина и значајна блок трансакција, во која беа за познат купувач продадени 1.754 акции, по цена од 20.350 денари за акција, што значи дека вкупната вредност на трансакцијата е 580 илјади евра.
Тоа значи дека одреден инвеститор во еден наврат платил сума од близу 600 илјади евра за овој пакет акции, којк, пак, во однос на вкупниот број акции издадени од друштвото изнесува 0,12 отсто од вкупниот акционерски капитал на компанијата.
Инаку, на вчерашното тргување акцијата на „Алкалоид“ се продавала по просечна цена од 2.512 денари.
Фармацевтската компанија денеска објави една одлична вест за акционерите, а таа е дека Алкалоид има намера да исплати дивиденда за 2023 година во износ од 540 денари бруто односно 486 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 490 денари бруто односно 441 денари нето е поголема за 10,2 отсто.
Н.Н.Ф.