26 Ноември, 2024
0.0258

КОЈ ПЛАТИ НАД 400 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ЕДНА ТРЕТИНА ОД ОХРИДСКИ „ГАЛЕБ“ - акциите купени преку берзанска блок трансакција

Објавено во: Економија 07 Март, 2023

Добивај вести на Viber

По долг период пауза, на Берзата конечно се случи блок трансакција.

Предадени се и откупени близу 33 отсто од акциите на компанијата, или една третина од оваа охридска превозна фирма. 

Некој купувач, кој засега не е познат, платил нешто повеќе од 400 илјади евра за безмалку 33 проценти од капиталот на компанијата, што воопшто не е мала сума. 

Од Берзата за оваа блок трансакција известуваат дека се продадени 13.284 обични акции, по цена од 1.858 денари по акција. Па така, вредноста на трансакцијата во денари е 24.681.672 денари или 401 илјади евра. Откупениот дел од акциите изнесува 32,98 процентои од капиталот на компанијата. 

Од Берзата известуваат дека номиналната вредност на една акција е 50 евра. 

Според графиконите кои ги објавува Берзата, може да се види дека досега немало воопшто тргување со акциите на „Галеб“ Охрид, така што не може да се види ни колку досега изнесувала просечната цена на акциите на компанијата.

На веб страницата на акционерското друштво „Галеб“ е наведено дека тоа е авто-транспортно претпријатие, со седиште во Охрид. Формирана е во далечната 1947 година, и како што напишале оттаму, оваа компанија претставува една од најстарите и најреномираните компании за превоз на патници во земјава.

Денес ‚Галеб' е компанија со 100 отсто приватен капитал со 130 вработени - високо професионален персонал. Високиот квалитет на услугата, комфорноста и безбедноста која ја нудат 25 минибуси, 1 панорама, 8 автобус за локален сообраќај и 40 високостандардни автобуси го прават ‚Гале' неприкосновен лидер во авто-транспортната дејност во републиката“, стои на веб страницата.

Во изминатиот период „Галеб“ АД створи доста разгранета и разработена сообраќајна мрежа, како низ Македонија, така и кон соседните држави. Секогаш актуелни се редовните линии за Белград, Саранда, Валона, Тирана, Нови Сад и Херцег Нови.
Составен дел на компанијата е и современ авто-сервис.

Н.Н.Ф.

Фото: Галеб

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија