Кој прави 20 милиони евра приход од продажба на гипс плочи?
Објавено во: Анализа 05 Јули, 2018 12:40
Приходот од продажба на „Кнауф Радика“ лани надминал 20 милиони евра, а добивката изнесува 3,87 милиони евра. Продажбата на домашен пазар на „Кнауф Радика“ е 12,4 милиони евра
Единствениот македонски производител на гипсени плочи „Кнауф Радика“ лани направил приход од 20,85 милиони евра од продажба на своите производи, пишува во извештаите на независните ревизори. Тие лани пораснале за 1,4 милиони евра.
Од тие пари 12,43 милиони евра се приходи на домашниот пазар за гипсени плочи, а останатите 8,42 милиони евра се приходи од извоз. Трошоците на компанијата се 15,12 милиони евра, а добивката од редовното работење е 4,3 милиони евра и во споредба со 2016 година пораснала за 400.000 евра. Вкупната сеопфатна добивка за 2017 година е 3,87 милиони евра и таа е за 359.000 евра повисока од 2016 година. „Кнауф Радика“ лани успеал својата сеопфатна добивка да ја зголеми за 10 отсто во однос на 2016 година.
Голем раст на побарувањата и обврските
Многу важно е да се истакне дека побарувањата од купувачи и останатите побарувања пораснале лани за 2 милиони евра во однос на 2016 година и тие достигнале 4,12 милиони евра на крајот на минатата година. Воедно пораснале и тековните обврски на компанијата и тоа до ниво од 3,5 милиони евра. Лани нивното зголемување изнесува 2,8 милиони евра. Во овој контекст многу е важно да се истакне дека оваа компанија хипотеки и товар врз своите имот и средства за работа.
Оваа успешна компанија заклучно со крајот на 2017 година има акумулирана добивка од речиси 7 милиони евра.
Р. Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





