05 Декември, 2025
0.2566

Кој сака да профитира од местење натпревари, ќе заврши зад решетки!

Објавено во: Мои пари 13 Февруари, 2013 20:59

Добивај вести на Viber

Секој организатор или учесник во спортски натпревар кој директно или индиректно ќе земе пари за местење спортски натпревар че се соочи со казна затвор од една до пет години. Зад решетки ќе се оди од една до десет години и за лажно прикажување или прикривање факти за лажиран спортски натпревар или наместен резултат на спортска игра со новите  предлог измени во Кривичниот законик. Новина е и санкционирањето на посредниците во давањето и примањето на поткупот, за кои исто така е предвидена затворска казна од една до пет години. Како што истакна денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, во областа на лажирањето спортски натпревари, се и дополнувањата на кривичните дела кои се однесуваат на активниот и пасивниот поткуп. „Во кривичното дело „неовластено примање подароци“ е пропишано дека организатор или учесник во спортски натпревар кој директно или индиректно ќе побара или ќе се согласи да прими за себе или за друг подарок или друга посредна или непосредна корист, ќе се казни со затвор од една до пет години“, истакна Ѓорѓиев. Според најавите, со новите законски измени треба да се превенираме злоупотребата на спортските натпревари и спортот да се ослободиме од штетни и коруптивни влијанија, а со тоа и да се спречат изманите кои може да предизвикаат сериозна штета на имотот на граѓаните.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!