Кој се изгорел од млеко, ќе дува и на јогурт: Што им се случи на инвеститорите?!
Објавено во: Анализа 15 Јануари, 2013 08:15
Во меѓувреме да видиме на што може да се надевате доколку се решите за акции на нашата берза:
Најпрво неколку објаснувања:
- Дивидендата е бруто (значи се намалува за персонален данок, освен за компании на кои им се исплаќа целиот износ)
-Дивидендата е од минатата година, што би рекло не значи дека ќе се повтори
-Дадена е добивка по акција за третиот квартал со цел да се види како стојат овие фирми во успехот за 2012 година
Како принцип е добро да бирате акции со следниве критериуми:
1.Барајте акции кои носат дивинда
2.Барајте компании кои може да бидат превземени (немаат доминантен сопственик)
3.Барајте компании на кои можете да им ги разберете извештаите и во кои не се кријат подводни бомби кои може да ви направат голем проблем во иднина
Како што гледате две од четири акции имаат остварено добивки поголема од ланската дивиденда веќе во третиот квартал. Телеком веројатно ќе има поголема добивка од овие 42 денари, додека Комерцијална Банка со продажбата на нејзината зграда (во завиност од тоа како тоа ќе се книжи и какви резервации ќе има, може да оствари сосема солидна и значително подобар резултат од досегашниот). Притоа три од четирите фирми во основа немаат доминатен сопственик, иако за очекување е ако во некој период има услови за превземање прва на удар да биде Комерцијална Банка.
Фундаментално значи доколку компаниите во април/мај поделат слични дивиденди како минатата година може да се надевате на значително поголем приход од оној остварен во банка.
Ова е сепак само фундаментално гледање на ситуцијата. Како што сме пишувале порано фундаментите многу пати не значат ништо. Некоја акција може да е добра за купување ако носи 10% дивиденда, но може да биде подобра на друга цена кога дивидедната ќе носи 20% принос. Фундаментите се добри, но тие само моментална слика на акцијата а таа може да се менува многу, првенствено поради психологијата на луѓето кои знаат да се однесуваат крајно нерационално.
Најголема работа која добриот инвеститор треба да ја знае е да може да ги процени тие нерационални однесувања на пазарот и доколку погреши на време да ја напушти позицијата и во спротивно да дозволи добивката да расте.
Затоа треба да се следат трендовите, а на нив ќе вратиме во наредниот текст.
Милан Димитриоски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





