15 Мај, 2024
0.0267

КОЈ СЕ ЌЕ ПЛАЌА ДАНОК ВО НОВАТА ГОДИНА, нема веќе „повластени“ сектори, во државната каса ќе се слеат повеќе пари

Објавено во: Финансии 15 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Надлежните бомбастично најавија дека се откажуваат од прогресивното оданочување, но притоа сепак се очекуваат зголемени приливи во државната каса токму од даноците. Законските измени на даноците веќе се во собраниска процедура, а во измените на Законот за личен доход може да се види дека се планира укинување на прогресивното оданочување, а личниот доход ќе се терети со единствена стапка од 10 проценти. Сепак, кај доходот од добивки од игрите на среќа, данокот ќе биде 15 проценти.

Интересно е што и покрај откажување од прогресивното даночење, надлежните планираат во буџетот само од данок на личен доход да легнат 533 милиони денари.

Фактор дознава дека со сегашните измени на законот, одредени ослободувања од плаќање даноци кои досега се применувале, од први јануари, со изгласување на законското решение како што е испратено во Собрание, веќе нема да важат. Благодарение на нивното укинување, или намалување на роковите, во државната каса ќе има повеќе пари.

Имено, се планира да се избришат ослободувањата кои ги добиваа секторите животно осигурување, доброволно здравствено осигурување, како и доброволно пензиско осигурување, кои досега спаѓаа во категорија даночно ослободени. Од следната година овие сектори ќе треба да плаќаат данок. Па така данок ќе се плаќа за уплатена премија за доброволно осигурување, како и за доброволно пензиско осигурување.

Исто така согласно напишаното во законот, се очекува прилив и од наплата на даноци од капитални добивки, односно ќе се даночат заработените пари преку уддели во фондови, ако тие фондови ги поседува лицето над две години. Досегашните законски одредби предвидувале дека лицата кои имаат уддели нема да плаќаат данчни обврски до десет години, односно даноци ќе платат ако поседуваат акции или фондови над десет години.

Нашите соговорници велат дека најголем прилви во касата би имало од даноци од премии од доброволно здравствено осигурување, како и осигурување во доброволен пензиски фонд, бидејќи во последниве години значително се зголемија фирмите кои обезбедуваат приватно здравствено за своите вработени, а досега не се плаќале даноци, од него се очекува најголем импакт.

Исто така новина е што со законските иземни, ќе треба да се плаќа данок на имот кој се издава иако не се плаќа кирија. Имено, компании кои се сместени во имот на сопственикот на компанијата, и за тоа не плаќаат кирија, досега биле ослободени од даноци, но по нова година и тие ќе имаат даночна обврска.

Уште на прес конференцијата која ја одржа премиерот Димитар Ковачевски, тој посочи дека даночната стапка до 2025 останува 10 посто но дека ќе се зголеми даночниот опфат. 

- Мерките од првата група се однесуваат на данокот на добивка, данокот на личен доход и данокот на додадена вредност. Односно се однесуваат на законски решенија со кои се проширува даночната база и се таргетираат дел од даночните ослободувања и олеснувања во постојниот систем. Со ова ги остваруваме заложбите за воспоставување на еднаков даночен третман на сите даночни обврзници,  без оглед на видот на доход кој го остваруваат или инвестициските одлуки кои ги донесуваат - посочи премиерот на пресконферецијата на која обзнани дека останува рамниот данок по нова година. 

Предлог законот ги содржи следниве решенија: 

- отпочнување со оданочување на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд стекнати  од 1 јануари 2023 година; 

- промена на концептот на оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд, во однос на периодот на поседување, стапката на оданочување и начинот на пресметување и плаќање на данокот; 

- укинување на ослободувањето од оданочување на уплатената премија за животно осигурување, уплатенa премиja за доброволно здравствено осигурување и уплатениот придонес во доброволен пензиски фонд за вработените лица;   

- утврдување на третман на непризнат расход на целиот износ на уплатената премија за животно осигурување кај самостојните вршители на дејност 

- доуредување на постапката на даночно изземање или намалување согласно со меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување на доходот кој го остварува странско физичко лице...

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка