16 Декември, 2025
0.0408

Кој сè се бори во украинскиот конфликт?

Објавено во: Свет 01 Септември, 2014 20:16

Добивај вести на Viber

Срби, Французи, Шпанци, Чеченци, Швеѓани - конфликтот во Украина собра многу странци кои се борат од двете страни. Некои се борат како платеници, а други заради идеали, објави Би-Би-Си. Според британскиот сервис, бројот на овие борци кои од различни земји пристигнале да се борат во Украина е поголем дури и од оној на руските борци кои во моментот се наоѓаат таму. Странските доброволци се мотивирани од причини кои допираат до конфликтот во поранешна Југославија или дури и Шпанската граѓанска војна од 30-тите години на минатиот век. Проруските активисти ги претставуваат своите странски доброволци како припадници на „модерни меѓународни антифашистички бригади“, додека во Киев се води отворена дебата за формирање на „странски легии“ на украинска страна. Податоците на проруските бунтовници велат дека од почетокот на конфликтот меѓу три и четири илјади руски доброволци сами се упатиле кон Украина за да им помогнат на сепаратистите. За Чеченците се верува дека се борат на двете страни, но оти многу повеќе ги има на страната на Киев. На двете страни од конфликтот се наоѓаат и околу 20 француски доброволци, од кои четворица се борат на страната на проруските активисти затоа што веруваат дека Русија е последното упориште против глобализацијата кое треба да се брани. Останатите, пак, се борат во украинската доброволна единица Азов позната по крајно десничарските ставови на спротивната страна. Двајца припадници на шпанската левица се борат исто така на страната на проруските бунтовници, во знак на благодарност за ставовите и поддршката на Русија за републиканците во Шпанската граѓанска војна. Затоа тие сметаат дека возвраќаат „историска услуга“. Во украинскиот конфликт се верува дека учествуваат и повеќе десетици Срби, од кои најголемиот број на страната на проруските сепаратисти, но има и такви кои платеници војуваат како дел на украинската војска. Според Би-Би-Си, во судирите на Украина се борат и помал број на граѓани на Грузија, Белорусија, балтичките земји, Хрватска, Финска, Норвешка, Канада, Словенија и Чешка.

Можеби ќе ве интересира

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“