19 Април, 2024
0.0288

Кој во Македонија заработи над 100.000 евра од дивиденда на акции?

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Дивидендите на петнаесетина домашни компании во последниве три четири години се поатрактивни од каматите за депонирање пари во банките. Но заработките од дивиденда годишно може да изнесуваат и повеќе од 100.000 евра. Видете кои се најдобитните акционери...

Десетмината акционери кои остварија најголеми приходи од дивиденди се сопственици на акции во домашни компании кои со години наназад успешно стопанисуваат и делат дивиденди. Меѓу има седумина мажи и три жени, а најголем број од нив се најголеми поединечни акционери и истовремено претседатели на управите во компаниите кои ги поседуваат.

 Доне Таневски, најголем поединечен акционер и прв човек на најголемата хотелиерска компанија „Македонијатурист“ има најголем приход од дивиденда (нето износ) и тој од добивката на неговата компанија за лани инкасира 286.000 евра. Тој е единствен на листата акционери кој има приход од дивиденда повисок од 200.000 евра. Таневски во „Македонијатурист“ поседува 19,2 отсто од акциите со право на глас.

Сестрата и братот Туџарови, Славица и Иван се издвојуваат пред конкуренцијата. Тие ги наследија нивните акции од нивниот татко Душан кој долги години успешно го водеше и растеше „Реплек“ една од најуспешните домашни компании која работи со медицинска опрема и лекови. Славица Туџарова Трајковска од нејзините 11,6 отсто акции инкасира дивиденда во износ од 194.800 евра. Братот Иван кој оперативно е прв човек на компанијата за своите 11,4 отсто добил дивиденда во износ од 192.300 евра.

Соња Бибановска, вториот по големина акционер во „Македонијатурист“ од дивиденда на своите 11,3 отсто акции во таа компанија инкасира 175.500 евра.

Во клубот над 100.000 евра се уште: домонантниот сопственик на светиниколската фабрика за битуменски производи, двајца акционери во „Гранит“ и најголемиот акционер во најпознатиот македонски текстилен комбинат „Тетекс“. Стојанче Стојанов е најголем акционери во БИМ од Свети Николе. Тој доби дивиденда во износ од 132.00 евра за своите 53 отсто до акциите во светиниколската фабрика за битуменски и изолациски материјали.

Ивана Милковска Симева , ќерка и наследник на акции од долгогодишниот прв човек на „Гранит“ Страшо Милковски од ланската добивка ќе инкасира нето дивиденда во висина од 104.800 евра за своите 8,4 отсто од акциите во најголемата македонска градежна компанија. Нејзниот брат Зоран Милковски, оперативно прв човек на оваа компанија од своите 8,2 отсто акции ќе добие нето дивиденден износ од 104.800 евра.

 Најголемиот акционер во „Тетекс“ и негов долгогодишен прв човек е Глигорие Гоговски, познат стопанственик и претседате на последната Влада на Социјалистичка Република Македонија. За неговите 12,8 отсто „Тетекс“ му исплати 103.100 евра дивиденда.

Во клубот на најдобри дивидендни приматели се уште и првиот човек на прилепска „Витаминка“, првиот човек на „Макпетрол“ и првиот човек на „Дебарски бањи – Цапа“. Меџит Цапа доминантниот сопственик на „Дебарски бањи“(поседува 83,8 отсто од акциите) од дивиденда за успешното работење лани ќе добие 71.200 евра. Првиот човек „Макпетрол“ Андреја Јосифовскикако сопственик на 15 отсто од транспортното друштво ОИЛКО ќе добие дивиденда од 67.600 евра, а неприкосновениот директор Симон Наумоски, кој „Витаминка“ од локална фирма ја издигнал во реномиран извозен кондиторски бренд за своите 25 отсто акции ќе добие 57.400 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните