07 Октомври, 2024
0.0648

Кој зема повисоки плати: мажите или жените?

Објавено во: Економија 31 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Жените во Македонија во просек добиваат за 12,5 отсто пониска плата од мажите, покажува истражувањето Асоцијацијата за економско истражување, застапување и донесување економски политики “Finance Think”. Според анализите, овој јаз помеѓу платите на мажите и жените е поголем кај населението со основно образование и изнесува 28,4 проценти. Но во однос на образованието, истражувањето покажало дека вработените жени имаат подобри карактериостики односно повисоко образование од мажите. Сепак и натаму една третина од жените, наспроти само 1% од мажите во Македонија,се неактивни на пазарот на труд. -Овие бројки може да укажуваат на тоа дека жените се дискриминирани на пазарот на труд во Македонија. Сепак, за ова, отсуствуваше соодветна анализа до неодамна. На аналитичко ниво, проблемот со ваква анализа е што е непходно да се земе во предвид големата неактивност на жените од 34.5% и невработеноста од 28.6% од сите работоспособни жени. Ако за овие жени не ја набљудуваме платата, и ако тие од некоја причина одлучуваат да останат надвор од пазарот на труд, тогаш сликата за родовиот јаз во платите ќе биде сосема искривена.Притоа , постојат повеќе причини зошто овие жени може да не се случајно надвор од пазарот на труд. На пример, поради традиционалната улога на жената во Македонското општество на домаќинка и одгледувачка на деца,поради жените кои се неплатени семејни работници, особено во земјоделието, жените кои не работат бидејќи мажот мигрирал и им испраќа дознаки и така натаму, се посочува во истражувањето на Асоцијацијата за економско истражување, застапување и донесување економски политики “Finance Think”. Во истражувањето Асоцијацијата посочува модел односно пример за решавање на проблемот, преку повторени импутации, доделувајќи им плата на сите жени што се неактивни или не работат, по случаен принцип водејќи се само од тоа дали се под или над медијалната плата, а врз основа на нивните трудови карактеристики. -Кога сите жени во примерокот имаат плати вистинските на оние што работат и импутираните на оние што неработат пресметката на родовиот јаз во платите би била многу посоодветна, односно го зема предвид фактот дека жените што се надвор од пазарот на труд се потенцијално со различни карактеристики од оние што се во пазарот на труд, се наведува во истражувањето. За зголемување на учеството на жените на пазарот на труд, економистите од Асоцијацијата порачуваат надлежните да посветат сериозно внимание за активација на жените, како еден од начините да се намали родовиот јаз во платите, но и спроведување кампањи за подигање на свесноста за потребата жените да бидат платени еднакво со мажите за работни места од еднаква вредност. -Главната препорака од ова истражување е дека носителите на трудовите социјални политики Министерството за труд и социјална политика при дизајнот на активациските политики на пазарот на труд треба да воспостави посебен модул за стимулирање на активирањето на жените, што ќе придонесе за намалување на родовиот јаз во платите. Сепак, дури и по стимулирањето активирање на жените во Македонија за учество на пазарот на труд (активно барање работа), остатокот од родовиот јаз во платите може да се адресира главно преку активни кампањи за зголемување на свесноста за еднакви плаќања на жените како и мажите, за работни места кои имаат иста вредност, се наведува во истражувањето. Статистика: Вработеноста кај жените е 37,4 отсто наспроти  56,1 отсто кај  мажите Јазот помеѓу платите на жените и мажите го регистрира и статистика. Така Според Анкетата “Жените и мажите во Македонија”, изработена  на Државниот завод за статистика, најголем процент од жените или 49,9 отсто земаат плата од 8.000 до 10.000 денари, додека најголем процент од мажите или околу 76 проценти земаат плата од 40.000 денари и повеќе. Процентот на жените кои земаат плата од 40.000 денари и повеќе изнесува 23,8 отсто. Блиску до просечната плата односно од 20.000 до 25.000 денари земаат 36 проценти од жените и 64 проценти од мажите. Истражувањата покажуваат дека жените заработуваат 1/3 од финансиите, наспроти 2/3 од мажите. Според  Анкетата, во земјава стапката на вработеност на жените изнесува 37,4 отсто, а стапката на невработеност кај жените од 15 до 74 години изнесува 28,6 отсто.Кај мажите стапката на вработеност изнесува 56,1 %, додека стапката на невработени мажи од 15 до 74 години изнесува 27,7 отсто. Во однос на образованието, 52 отсто од жените се со високо образование и работата со полно работно време, а од мажите 48 отсто се со високо образование и се вработени со полно работно време. Според занимањето повеќе од 50 отсто од жените се научници и стручњаци, а остатокот во оваа професија се мажи. Речиси ист е процентот на жени службеници и мажи. Нешто повеќе од 20 отсто од жените се државни функционери, дипломати, членови на извршни тела, директори, додека застапеноста на мажите на овие функции е многу поголема. Најмногу жени работат во секторот здравствена и социјална заштита или 72,3 отсто и во образованието каде што 53,6 отсто од вработените се жени. Најмала е застапеноста на жените во градежниот сектор со 4,4 проценти во секторот рударство. Бројките покажуваат дека само 5 до 7 проценти од жените се на менаџерски позиции. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип