Која банка го зголеми кредитирањето на свои клиенти за 107 милиони евра во една година?
Објавено во: Економија 03 Февруари, 2025 10:46
Секоја акција со право на глас на Стопанска банка Скопје носи добивка од 3,3 евра, покажуваат официјалните податоци од Финансискиот извештај за 2024 година. Оперативните приходи на Стопанска банка Скопје лани изнесуваат 125,35 милиони евра и се повисоки за 6,5 милиони евра од 2023 година.
Стопанска банка Скопје ја подобри својата пазарна позиција во 2024 година. Ги зголеми своите оперативни приходи, значајно го зголеми кредитирањето и годината ја заврши со умерен раст на добивката. Резервациите се за нијанса помали, а профитот на крајот на 2024 година изнесува 57,7 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од неревидираниот финансиски извештај објавен на СЕИ НЕТ платформата на Македонската берза.
Стопанска банка Скопје е една од трите најголеми деловни банки во Македонија и вредноста на нејзиното кредитно портфолио за коминтентни (без банки) изнесува 1,61 милијарда евра на крајот на 2024 година. Кредитирањето е зголемено за 106,8 милиони евра во споредба со крајот на 2023 година.
Од билансот на состојба е важно да се истакне дека има значаен раст на вложувања во државни записи и обврзници лани во споредба со 2023 година. На крајот на декември лани тие вложувања изнесуваат 269,7 милиони евра и се за 84,2 милиони евра повисоки од претходната година.
Депозитната база на банката изнесува 1,76 милијарди евра на крајот на 2024 година. А тоа е 138 милиони евра повеќе од 2023 година.
И лани, стандардно, клучен извор на приходи се нето приходите од камати. Од нив Стопанска банка Скопје инкасирала нешто над 100 милиони евра што е за 7 милиони евра повеќе од претходната споредбена година. Од нето приходи од провизии и надоместоци банката инкасирала 14,1 милиони евра и тоа е подобар резултат за 850.000 евра.
Заедно со приходите од курсни разлики и од останатите приходи Стопанска банка Скопје лани остварила оперативни приходи во вредност од 125,35 милиони евра. Оперативниот резултат на банката е за 6,5 милиони евра подобар од претходната споредбена година.
Резервациите за ризични кредити на крајот на 2024 година изнесуваат 19,1 милиони евра и се за нијанса пониски од претходната година. При тоа вреди да се потсети дека ова ниво на резервации е во година во која банката го зголеми кредитирањето за 106,8 милиони евра.
Најголема расходна ставка на Стопанска банка Скопје лани биле трошоците за вработените и за нив компанијата издвоила 18,9 милиони евра.
Н.С.
foto freepik.com/marinissimus
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





