Која банка го зголеми кредитирањето за 24,3 милиони евра?
Објавено во: Економија 10 Март, 2021
„Охридска банка“ лани го удвои вложувањето во хартии од вредност што укажува дека имала слична деловна политика со другите големи банки во услови на корона криза. Иако бележи пад на нето приходите од камати и од провизии како и намалување на добивката оваа банка лани го зголемила пазарното учество со 24,3 милиони евра во кредити
„Охридска банка“ лани го зголеми кредитното портфолио за 24,3 милиони евра односно за повеќе од 5 отсто. Ова покажува дека оваа деловна банка (дел од групацијата на „Шпаркассе банка“ на нашиот пазар) во корона кризата успеала да ја подобри својата пазарна позиција, а позначајно е тоа што ја зголемила поддршката за компаниите и граѓаните клиенти во услови на бројните ограничувања и зголемената неизвесност во националната економија предизвикани од здравствената пандемија.
„Охридска бака“ лани објективно од повеќе деловни аспекти имаше послаба деловна година во споредба со претходната споредбена година. Но тоа и не е изненадување со оглед на отежнатите услови предизвикани од пандемијата. Банката лани бележи намалување на нето приходите од камати за 412.000 евра и од најголемата приходна ставка банката генерирала нето приход од 17,6 милиони евра. Од провизии и надоместоци, очекувано како и кај сите банки, минатата година нето приходите се намалени за 588.000 евра и изнесуваат 4,85 милиони евра. Значаен пад има и кај останатите приходи од дејноста и тие изнесуваат 714.000 евра и се три пати пониски од 2019 година.
Резервациите на крај на 2020 година се на ниво од 10,66 милиони евра што е за 4 отсто помалку од претходно, а лани исто како и во 2019 година „Охридска банка“ немала трошок за загуба поради оштетување нефинансиски средства.
Покрај зголемувањето на кредитните пласмани лани значаен раст има и на вложувањата во хартии од вредност. На крај на 2020 година нивниот износ е 38,5 милиони евра што е за 19,2 милиони евра повеќе од 2019 година. Сепак во споредба со другите банки од групата големи износот што „Охридска банка“ го чува во хартии од вредност е значајно понизок.
Вредноста на депозитите достигна 500 милиони евра и бележи раст од 13,4 милиони евра. Од достапните податоци на страната на билансот на состојба е евиденден значаен пораст на обврските по кредити кои надминале 82 милиони евра и се повисоки за 16,7 милиони евра.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.