15 Декември, 2025
0.0342

Која банка ќе ја исплати највисоката дивиденда? Изнесува 2.560 денари за акција!

Објавено во: Економија 03 Април, 2024 08:24

Добивај вести на Viber

На изненадување на целата инвеститорска заедница дивидендниот аутсајдер „Силк Роуд Банка“ ќе исплати бруто дивиденда од 41,6 евра по акција. Лани оваа банка имаше супер успешна година во која добивката по акција изнесува 211,5 евра

Акционерите на „Силк Роуд Банка“ ги дочекаа своите пет минути! Годинава за секоја акција оваа деловна банка за секоја акција ќе исплати бруто дивиденда од 2.560 денари по акција! Ова досега е најголемата исплатена дивиденда во апсолутен износ на нашиот пазар. Единствена банка која историски гледано може да биде конкурента и да подели повисока дивиденда е НЛБ Банка. А тоа ќе го дознаеме наскоро односно најдоцна до средината на идниот месец кога ќе бидат објавени предлозите за претстојното редовно собрание на НЛБ Банка.

Податокот за дивидендата е официјална информација од најновата објава на „Силк Роуд Банка“ достапна на следниот линк https://mse.mk/mk/announcement/1/4/2024/%D0%A1%D0%B8%D0%BB%D0%BA-%D0%A0%D0%BE%D1%83%D0%B4-%D0%91%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0-%D0%90%D0%94-%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5/Financial-data-and-dividends

Како и да е Силк Роуд Банка во досегашната корпоративна историја на Македонија е банка која исплаќа најголема дивиденда мерено според критерумот апсолутен износ на дивиденда по акција.

Според официјалната евиденција на Централниот депозитар за хартии од вредност „Силк Роуд Банка“ има издадено 12.014 обични акции. Номиналната вредност на секоја акција е 36.111 денари. Во пребарувањето на берзански историски параметри кои се јавно достапни не успеавме да најдеме податоци за трговската шифра односно тикерот ALFB под кој на нашиот пазар на капитал се тргува таа акција.

Од податоците кои се јавно достапни се гледа дека оваа банка на своите акционери ќе им исплати половина милион евра дивиденда во бруто износ. Тоа значи дека 50.000 евра ќе наплати УЈП по основ на задршка на данок за правно лице - акционер во таа банка.

Податоците кои се објавени на сајтот на Македонска берза покажуваат дека „Силк Роуд Банка“ има приход во вкупен износ од речиси 10 милиони евра. Добивката по оданочување е нешто повисока од 2,5 милиони евра. Добивката по акција изнесува 211,5 евра, а дивидендата изнесува 41,6 евра во бруто износ. Наједноставно кажано оваа мала деловна банка во условите на силната конкуренција работела лани со профитна маргина од 25 отсто. Односно повеќе од една четвртина од нејзините приходи се профит.

Овој параметар покажува колку е профитабилен банкарскиот бизнис во Македонија.

Инаку во „Силк Роуд Банк“ е преименувана македонската подружница на грчката „Алфа банка“ која работеше на нашиот банкарски пазар. „Силк Роуд Банк“ е во сопственост на Силк Роуд АГ инвестициски фонд регистриран во Швајцарија. Овој фонд ја купи тогашната македонска „Алфа банка“ за 1,2 милиони евра во 2016 година. Тогаш во пакет секоја акција на „Алфа банка“ беше продадена по цена од 117 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите