20 Декември, 2025
0.0406

„КОЈА БРЕ ДРЖАВА, КОИ БРЕ ЦЕНТРИ ЗА ЗАШТИТА, КОИ БРЕ ИНФОРМАТИВНИ ПОРТАЛИ“: Најчевска за пожарите и недостигот на информации

Објавено во: Македонија 08 Јули, 2025 11:19

Добивај вести на Viber

Моето Сандево гореше. Ридот е поцрнет и сеуште се гледа по некој столб со чад.

Луѓето дадоа се од себе да ги спасат селата и манастирите. Она што се уште не можам да го разберам е отсуството на соодветно информирање.

Ова го напиша утрово професорката Мирјана Најчевска, посочувајќи дека „информациите беа расфрлани, недоволни, неточни, собрани по патот“.

Немаше информации за движење на пожарот, за ниво на загрозеност, за организирана борба со пожарот, за збирни места, за план за евакуација, за ...

Со сите средства за информирање кои ни стојат на располагање луѓето дознаваа од рекла казала и се организираа како во 19 век.

Е ова е еден од показателите дека немаме држава туку башибозук во кој полуписмени и потполно неписмени политичари се обидуваат секој да штрбне од државата колку може во краткиот период додека е на власт.

Во мојата социјалистичка држава Македонија имавме територијална цивилна заштита. Сите знаевме каде треба да одиме и што треба да правиме во вакви ситуации. И бевме обучувани од основно училиште.

Тоа беше држава - напиша Најчевска на Фејсбук. 

Потоа дополни дека „во моментов можам само да видам до каде се спуштил огнот на ридот отспротива и да ги гледам хеликоптерите кои некаде фрлаат вода“.

И можам да се јавувам по комшии да пробам да добијам некоја информација.

Која бре држава, кои бре центри за заштита, кои бре информативни портали, кои бре веб страни на општините, и, кои бре шутраци новинари за кои секоја вест има еднократна вредност - напиша Најчевска. 



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки