Колку медицински кадар е потребен во Германија за да не потклекне пред пандемијата
Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Април, 2020 07:20
Германија во чекор го следи примерот на Јужна Кореја во борба против новиот коронавирус, се со цел да го спречи преоптоварувањето на интензивните одделенија во болниците ширум земјата. Избраната стратегија е базирана на што поголем број тестирања на граѓаните. Оние кои пак се позитивни на тестовите, задолжително се во карантин. И покрај тоа што бројот на заболените во Германија до сега изнесува нешто повеќе од 67.000, починати се 651 лице, што покажува дека земјата под строга контрола ја држи ситуацијата. Пристапот на Германија кон пандемијата важи за исклучителен пример во Европската Унија, особено и поради фактот дека таму се спроведуваат дури околу 300.000 тестови неделно, што е неспоредливо во однос на другите европски земји.
Германските медиуми објавија документ во кој е наведено дека земјата целосно ќе пристапи кон јужнокорејската стратегија која предвидува неверојатни 200.000 тестови на ден.
-На овој начин, би можеле да се тестираат сите оние кои мислат дека имаат ковид-19, како и сите оние кои можеби имале контакт со заболени, е наведено во документот на германското Министерство за здравство.
Но, и покрај тоа што здравствениот систем на Германија е непробоен за коронавирусот, сепак, Канцеларката Ангела Меркел, смета дека можеби пандемијата ќе ја пронајде неговата ахилова пета, а тоа е недостиг на медицински кадар.
-Германија има повеќе од 25.000 кревети со респиратори. Но, „во последниве месеци, некои кревети на интензивна нега биле ставени надвор од употреба бидејќи немало доволно стручен персонал. Години нанзад има речиси 18.000 слободни работни места за медицински сестри и негиватели“, изјави Рајнхард Бусе, специјалист за економија на здравството на Берлинскиот технички универзитет.
Според него, ова е еден од најсериозните проблеми во моментов, бидејќи, многу болници, ги викаат на помош студентите по медицина или пензионерите од овој сектор.
-Дури и пред пандемијата на Ковид-19, дел од операциите во Германија беа откажувани единствено поради недостиг на стручен кадар, појаснува Уве Лубекинг, задолжен за политиките на пазарот на трудот во Германското здружение на градови и општини.
А,Б.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД





