18 Декември, 2025
0.2257

КОЈА Е ФИРМАТА ЏАНВИКИ ШТО ДОБИ 2,4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЕДЕН ДЕН - пари од ИПАРД програмата завршија кај компанија од Петровец

Објавено во: Економија 01 Ноември, 2022 07:47

Добивај вести на Viber

Компанијата Џанвики од скопското село Петровец добила дури 2,2 милиони евра од државната Платежна агенција, односно Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Средствата оваа фирма ги добила на крајот на септември оваа година, а од она што може да се види како основа за префрлањето на парите, е MD програмата на Агенцијата, односно тоа се парите од ИПАРД програмата, во кои свој мал удел има и државата.

Од она што може да се најде за оваа компанија на интернет е фактот дека таа се занимава со преработка, производство и трговија на големо со овошје, како и на зеленчук, а поседува и магацини за храна и производи за широка потрошувачка, како и индустриски ладилници.

Оваа компанија, „Џанвики“ од селото Петровец, е релативно непозната за овдешната јавност, а не можат да се најдат ниту прецизни податоци за нејзиниот финансиски бонитет.

Од друга страна, пак, оваа исплата од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството е убедливо најголемата еднократна исплата кон одредена компанија досега преку MD програмата, односно доделувањето средства од ИПАРД.

Фактор ја праша Агенцијата зошто конкретно, односно за какви проекти и инвестиции се доделени овие средства на релативно непозната за јавноста компанија, а штом го добиеме одговорот, ќе го објавиме во целост.

Покрај Џанвики, од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството оваа година значаен износ средства добила и компанијата Монтенегро ДОО Гостивар, за која веќе пишуваше Фактор. Оваа компанија на почетокот на јуни добила сума од над два милиони евра државни пари. Поточно, како што говори владиниот сајт за транспарентност Отворени финансии, таа компанија на 3 јуни годинава добила 133 милиони денари или 2,16 милиони евра.

Од Платежната Агенција тогаш ни изјавија дека овие средства се исплатени од ИПАРД програмата.

„Средствата се одобрени од ИПАРД програмата за изградба и опремување на преработувачки капацитет, за овошје и зеленчук“, објаснија од Платежната агенција.

Инаку, како што стои во нивната објава на интернет, Монтенегро е приватна семејна компанија која е основана во далечната 1963 година во Република Црна Гора. Почнале со кори за пита и корнети за сладолед, па со првиот гостиварски маркет, а се продолжило со увоз на храна, па мебел, па млекарница...

Монтенегро е компанија која се состои од два сектори: малопродажба на прехранбени производи со шест маркети лоцирани во Гостивар, како и увоз и дистрибуција на прехранбени производи од повеќе од 30 реномирани европски брендови.Монтенегро вработува повеќе од 220 вработени и е најголем приватен вработувач во Гостивар. Инаку, Монтенегро ДОО Гостивар влегува и во редот на 200 најголеми компании според висината на приходите, или практично го држи 150 место, со приход од над 21 милиони евра.

Кон крајот на јуни годинава имало уште една значајна исплата од Агенцијата кон компанија, а таа е Голд Ланд ДОО од селото Требош Желино, која на 22 јуни примила нешто над 89 милиони денари или 1,45 милиони евра. Оваа компанија исто така ги добила парите преку MD програмата. На интернет не можат да се најдат речиси никакви податоци за оваа компанија.

Сума од околу 87 милиони денари добила компанијата „Тргопродукт“ од селото Дабиље струмичко, што се случило во април, а во јуни имало уште една позначајна исплата на компнијата ДООЕЛ ФЕ-ЕС, од 56 милиони денари.

Уште неколку компании добиле средства од Агенцијата врз основа на MD програмата, а тие се Ларс од Штип, Кристал 64 од Струмица, Дојрана Фреш од Николиќ Дојран, Пајдаков од Гевгелија, како и компанијата М Шест Аграр од Скопје, кои добиле суми во распом меѓу 54 и 33 милиони денари.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа