Која е Македонката номинирана за најдобар имигрант во Канада?
Објавено во: Мои пари 03 Април, 2013 10:21
Настевска е активист за зачувување на животната средина и е првата Македонка да биде номинирана за оваа престижна награда. Оваа нагдра се доделува на 25 канадски имигранти кои оставиле позитивен белег во канадското општество.
ОМД ги охрабрува сите Македонци во Канада да гласаат за Александра.
- Почестена и возбудена сум што ме избраа помеѓу овие исклучителни 75 финалисти. Се надевам дека како финалист и како Македонка ќе им овозможам на канадските граѓани да дознаат повеќе за Македонија и нашата култура. Многу е важно да се подигне свеста на луѓето во врска со прашањата во Македонија, за имигрантите во Канада, како и да оствариме уникатен придонес како нација и како индивидуални Македонци. Доколку победам, се надевам дека оваа награда индиректно ќе создаде можности за други Македонци во Канада и ќе ги охрабри македонските имигранти од целиот свет да ги остварат своите соништа и нивното посакувано место во општеството, рече Настеска.
Оваа година во Канада беа номинирани 600 имигранти, а жири комисијата ја избра Александра Настеска како еден од 75 финалисти. Во минатото добитници на оваа награда се пратеникот Оливија Чоу, глумицата номинирана за Оскар Депа Метха, како гувернерите Адриен Кларксон и Мишеле Жан. Лауреати се имигранти кои ја имаат прифатено нивната заедница и имаат придонесено кон канадското општество со поддршка и помош слична на таа кога прв пат пристигнале во Канада.
Александра Настеска е родена во Скопје каде што прв пат се активирала во движењето за правата на жените преку учества во јавни панели на ОН за статусот на жените во Македонија и на Балканот.
Таа живее во Канада веќе осум години и има работено во канадската јавна адмиснистрација и невладиниот сектор. На дваесет и девет години Настеска е основач на кампањата за канадско лидерство "Ние од Канада" која прерасна во меѓународно признато движење за мобилизација за време на Рио+20 конференцијана Обединетите нации. Таа служела како директор за комуникации на кампањата, каде што успеалада кординира со повеќе од 40 волонтери низ целата земја со помош на нејзината стратегија за софистицираноангажирање.
извор: инпресс
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





