ДОАЃА НА МЕСТО НА ВАСКО НАУМОВСКИ: Која е Маригона Марку?
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2018 07:12
Маригона Марку е вршител на работите амбасадор во македонската Амбасада во Вашингтон, информираат од Министерството за надворешни работи.
„По завршувањето на мандатот на претходниот амбасадор во ДКП-то во Вашингтон, како и во други ДКП-а, каде што не е назначен амбасадор – по автоматизам, дипломатот со највисоко звање станува вршител на работите (Chargé d’affaires), наведуваат од Министерството за надворешни работи.
Родена е во Дебар, а во минатото работела во Министерството за надворешни работи на Македонија.
Додипломски и магистерски студии завршила на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, пишува Тетова 1. Овој медиум наведува дека во местото каде таа ќе биде амбасадор има многу иселеници. Се наведува дека таму постои и општина која е збратимена со Дебар. Oткако беше објавена веста за нејзиното именување на функцијата, и медиумите од Дебар ја пренесоа информацијата, по што граѓаните на Дебар честитаа, и рекоа дека се горди на неа. Наведоа дека има голема мисија пред неа. Но, твитерџиите забележаа дека се работи за млада девојка со оглед на функцијата која треба да ја врши. Дел од нив упатија критики дека се работи за несериозен потег.
Колку за информација, во 2011 година, по повод годишнината од Министерството за надворешни работи на Македонија, Маригона Марку, која во тоа време работеше во Дирекцијата за меѓународно право, ја доби традиционалната награда за најдобар дипломат на годината, која секоја година се доделува од страна на Министерството за надворешни работи.
Последен пат за сега екс амбасадорот во Вашингтон Васко Наумовски (кој претходно беше вицепремиер за евроинтеграции во владата на Груевски) во јавноста имаше информација во мај годинава, кога тој беше повикан во Скопје и беше започната постапка за неговото однесување за време на посетата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска на Вашингтон, кога тој ниту ја пречека ниту беше дел од делегацијата.
Претходно во јануари годинава, по една од средбите во Њујорк како македонски преговрач со Грција со посредство на медијаторот Метју Нимиц, даде коментар на она што Нимиц го дал како предлог. Оваа негова изјава беше оценета како „изјава на партиски војник, под инструкции на некои други центри на моќ во државата“.
фото ТвитерМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




