Која е најгледана странска телевизија во Македонија?
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2016 17:35
Со широкиот пристап на дигитална телевизија се зголемува бројот на домаќинства кои имаат прием на странски ТВ канали, па со тоа и нивната гледаност се зголемува. Основната понуда на кабелските оператори во просек има околу 50 странски канали кои се доста стандардни и нудат документарни, спортски, музички и филмски содржини.
На македонската публика во недостаток на поквалитетна домашна програма од ваков вид омилена и е телевизијата Discovery која постојано емитува документарни филмови од научната област, криминологијата, астрономијата, екологијата и општествените трендови. Discovery има неделен просечен досег од 11.98%, а потоа следува Sport Club која емитува преноси од повеќе спортови и странски првенства со 10.35%, додека на третото место е Eurosport уште еден спортски канал со 5.75%.
Од каналите кои емитуваат ТВ серии најгледана е Fox Live со 4.98% неделен досег кај гледачите, па следат каналите National Geographic и Animal Planet кои исто така имаат документарна програма. Пад на гледаноста има хрватска ХРТ1 со досег од 1.88% што се должи и на ограничениот пристап до овој канал на дигиталните тв платформи.

Анализата е дел од истражувањето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за состојбата во 2015-та.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




