20 Декември, 2025
0.0899

Која е најголема светска берза? На неа се тргуваат компании кои пазарно вредат 23.800 милијарди долари!

Објавено во: Финансии 01 Март, 2023 09:31

Добивај вести на Viber

Двете најголеми берзи во САД (Њујоршката и НАСДАК) остануваат да бидат убедливо најголеми берзи во светот. Нивната агрегатна пазарна капитализација изнесува 39.000 милијарди долари во октомви 2022 година

Њујоршката берза (NYSE) е синоним за слободен пазар раководен само и исклучиво од „скриената рака на пазар изразена преку соодносот на понудата и побарувачката“ феномен објаснет за прв пат во економското ремек дело на еден од основачите на економијата Адам Смит.

Њујоршката берза за хартии од вредност, препознатлива глобално, чиј синоним е спомен обелејжето во форма на бик – симболот на пазар во раст, останува да биде светски лидер во споредба со сите други големи светски берзи.

Според официјални податоци, пазарната капитализација на сите хартии од вредност кои се тргуваат на најголемата светска берза вредат 23.800 милијарди долари, покажуваат јавно достапни податоци обработени од “Visual Capitalist” генерирани од Блумберг, Ју Ес Глобал Инвесторс и Статиста. Податоците се однесуваат на октомври 2022 година.

Втора на листата најголеми е нејзината помала берза-сестра „Насдак“ (Nasdaq) многу помлада од Њујоршката берза и основана во 1971 година. Нејзниот најсилен адут по кој е и светски позната се најголемите технолошки компании чии акции се тргуваат таму и препознатливиот композитен индекс во кој доминираа најголемите технолошки компании на САД.

Пазарната капитализација на оваа берза во октомври изнесувала 16.200 милијарди долари.

Трета на листата на најголеми светски берзи е најголемата кинеска берза „Шангај Сток Ексчејнџ“ чија целосна понуда во октомври лани вреди 6.700 милијарди долари. Ова е очекувано со оглед на тоа што Кина веќе некое време наназад е втора светска сила.

Следна на листата е најголемата европска берза „Јуронекст“ со пазарна капитализација од 6.100 милијарди евра пред најголемата јапонска берза лоцирана во Токио чија целосна понуда во октомври лани вредела 5.400 милијарди долари.

Следувa втората по големина кинеска берза во Шензен чија пазарна капитализација вреди 4.700 милијарди долари и е за нијанса пред далекупозната и некогаш најголема азиска берза во Хонг Конг со вредност од 4.600 милијарди евра. 

По неа е Националната берза на Индија со пазарна капитализација од 2.100 милијарди долари, а последна од најголемите е некогаш најголемата светска берза со пазарна каитализација од 3.100 милијарди долари. 

Р.Ф.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра