07 Октомври, 2024
0.0306

Која е разликата на долгот наспроти дефицитот?

Објавено во: Економија 08 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Кој збор започнува со „д“ и завршува со „т“, и има врска со федералниот буџет?

Ќе бидете во право ако речете „долгот“. Исто ќе бидете во право и ако речете „дефицитот“. Но иако двата збора звучат слично, тие отсликуваат два сосема различни концепти. Едното станува се поголемо, додека другото се намалува. Политичарите и телевизиските новинари воопшто не ја олеснуваат претставата кога ги мешаат овие две нешта.

Тоа е грешката која ја гледаме се почесто, посебно од демократите кои ги бранат фискалните политики на претседателот Барак Обама.

Последниот случај: второрангираниот демократ во Сенатот, Дик Дарбин од Илиноис. Минатата недела во интервју за Фокс њуз во недела, Дарбин рече дека администрацијата на Обама ќе го „намали долгот на САД за три трилиони долари во следните десет години“.

Извинете, но овие муабети за вкупниот долг се сосема погрешни. Наместо да ги намали за три трилиони долари, во најдобар случај во следните десет години ќе ги зголеми за 8,6 трилиони долари.

Е , тоа е разлика... од 11,6 трилиони долари. Тоа за секого се многу сериозни пари. Политифакт ги оцени неговите ставови како „Празни муабети“.

Демократите имаат поента кога велат дека дефицитот ќе се намали. Дефицитот е мерка за кусокот за една година, односно разликата помеѓу она што владата го собира и троши. А во последниве години, дефицитот опадна благодарение на крајот на рецесијата и на пониските владини трошења.

Дефицитот достигна зашеметувачки 1,41 трилион долари во 2009, за време на врвот на рецесијата, заради падот на приходи од даноци и заради економскиот стимул кој беше даван со цел да се иницира пораст на економијата. Оттогаш, тој постепено опаѓа, но сеуште остана на над еден трилион во 2010, 2011 и 2012 година. Од непартиската Канцеларија за буџет во Конгресот рекоа дека тие години ни биле забележаинајголеми буџетски дефицити во однос на големината на економијата, уште од 1946 наваму.

Но со крајот на Големата депресија, дефицитите се намалуваат. Дефицитот во 2013 година се очекуваше конечно да падне под еден трилион долари, некаде на 973 милијарди долари. Администрацијата на Обама предвидува понатамошен пад се до 2018 година, кога проценуваат тој да достигне 475 милијарди долари.

Но дефицитите не исчезнуваат. Ако исчезнат, тогаш ќе се создаде она што се нарекува буџетски вишок. САД не доживеале буџетски вишок уште од мандатот на преседателот Бил Клинтон.

Па така и по години на дефицити, дури и дефицити кои се намалуваат, тоа сеуште значи дека вкупниот долг расте.

Разбирате?

Фискалната иднина

Сепак, понекогаш слушате како луѓе на телевизиите зборуваат дека долгот се намалува, а тоа е погрешно. Кога Политифакт ги провери тврдените факти - кои вообичаено доаѓаат од поддржувачите на Обама - вообичаеното објаснување е дека тие велат „долгот“ кога мислат на „дефицитот“.

Но во ноември, на пример, Ал Шарплон во емисијата Политичка Нација на Ем-Ес- Ен-Би-Си рече дека националнит долг „во последните пет години опаѓа секоја година“. Тој всушност мисли на дефицитите. „Пундитфакт“, проектот на Политифакт кој ги рангира изјавите на телевизизите, ја оцени оваа изјава како неточна.

Дури и кога некои се радуваат заради падот на дефицитот, од конгресната Канцеларија за буџет (КБО) велат дека падот на дефицитите нема да опстои ако нацијата го задржи сегашното ниво на трошење и даночните политики. Дефицитите ќе почнат да растат во следните години, и ќе продолжат да растат во следните 25 години, се до 2038 година.

Поголемиот дел од трошоците во дефицитите ќе бидат заради здравството - посебно од Медикер, програмата за осигурување за луѓе на возраст над 65 години - и од Социјалната безбедност, стои во последнот извештај на КБО. Агенцијата издаде и предупредување, заедно со вобичаените графикони и табели:

„Нестабилната природа на сегашните владини политики за даноци и трошења претставуваат тежок избор за законодавците и за јавноста. Се додека не се направат супстанцијални измени во големите програми за здравството и во Социјалната безбедност, овие програми во иднина ќе вцицаат се поголем дел од вкупниот економски аутпут, отколку што вцицуваа во минатото“.

Не гледаме крај на дискусиите и коментарите во врска со дефицитите и долгот, па затоа запомнете го ова:

дефицитот = една година. долгот = сите пари кои ги должиме.

politifact.com

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип