КОЈА Е ТАА: Путин со букет во раце изненади една дама
Објавено во: Свет 22 Декември, 2018
Рускиот претседател, Владимир Путин со букет во раце изненади една дама.
Путин ѝ честиташе роденден на Галена Волчек, уметничката директорка на Современиот театар во Москва. Путин на Галена ѝ подари букет цвеќе.
Таа добила и книга „Историјата на рускиот театар“ и слика од зградата на нејзиниот театар.
„Ова е прилика да се сумираат реазултатите и на Вас да ви упатиме зборови на благодарност за Вашиот допринос на националната култура и светскиот театар“, изјавил Путин.
Ова не е прв пат Путин да се покаже како џентлмен.Тој на жената која управуваше долги години со Германија, Ангела Меркел во мај годинава во Сочи, ѝ подари букет со рози.
Оваа година Путин ѝ подари цвеќе и танцуваше со австриската министерка за надворешни работи, Карин Кнајсел (53) која се венчаше со бизнисменот Волфганг Мајлингер на церемонијата близу Грац, во винскиот регион во Штаерска.