Која е фирмата од која се чекаат резултати за воздухот во Трубарево: Испитува вода, воздух и отпад, мери бучава во дискотеки, врши стручни работи за безбедност и здравје при работа
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2025 07:56
Фирмата „Еуромак-Контрол“, соработник на повеќе државни институции треба да ги даде резултатите, што содржел воздухот во саботата, кога гореше електронскиот отпад и пластика во просториите на „Ф-Групација“ во Трубарево, чиј пожар предизвика страв кај граѓаните, што дишеме по огнот и силната миризба која ја почувствуваа сите во Скопје.
„Еуромак-Контрол“ постои од 1999 година. Ја поседуваат Сузана и Љупчо Темелкоски, а нејзините услуги за лабораториско испитување на вода, воздух, отпад и слично освен Министерството за животна средина, ги користат и други институции, како на пример општините Битола, Карпош, но и Град Скопје. Во моментов, има активен договор со Министерството за животна средина во вредност од 708 илјади денари, потпишан на 20 мај годинава, а со рок на траење од една година или до искористување на сумата.
Низ годините, фирмата има пад на приходите и добивката. Во 2022 година, имала приходи од над 430 илјади евра, а добивка од 71 илјади евра. Во 2023 година, имала приходи од 390 илјади евра или 40 илјади евра помалку од претходната година. И добивката на фирмата била значително помала од претходната година - 15 илјади евра. Лани пак, „Еромак-Контрол“ имала приходи од 370 илјади евра и приходи од 10 илјади евра.
Освен испитувања, фирмата нуди и други услуги - Добила тендери од државната ЕСМ за проценка на ризик на работни места и обука на вработени. „Еуромак-Контрол“ ќе прави проценка на ризик на работни места и за Централниот регистар, а за штипскиот затвор, ќе врши стручни работи за безбедност и здравје при работа на вработените Планска документација за евукација при пожар Елаборат при заштита од пожар. Досега во 2025 година, има добиено вкупно 23 државни тендери.
„Еуромак-Контрол“ треба да ги даде резултатите, колку е алармантна состојбата со воздухот, откако по првичното мерење со апаратите на Армијата, за да се добие прва слика, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека „првичната перцепција од резултатите е лоша“.
По она што како извештај ќе го подготви фирмата, скопјани ќе добијат слика каков воздух завчера разнесе ветрот од опожарениот отпад кон сите населби низ градот. Компанијата беше ангажирана и во 2023 година, кога откако земаа мостри од водите во Маркова река, беа констатирани концентрации на загадувачки супстанци над дозволените гранични вредности и истите потекнуваат од исцедокот од депонијата. Истата година, фирмата ја мереше и бучавата во „Мош“ и „Интермецо“, по што овие два објекта добија платни налози за гласна музика.
Александар ТодескиМожеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




