15 Декември, 2025
0.1191

Која наша голема компанија отворено најави дека ќе плати 10,5 милиони евра дивиденда во пет години?

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2024 14:07

Добивај вести на Viber

Градежниот гигант „Гранит“ декларира на сите свои акционери, но и на потенцијалните инвеститори во таа реномирана акција, дека од годинава па до 2028 година просечно годишно ќе дели просечно по 2,1 милиони евра бруто дивиденда

Најголемата македонска градежна компанија „Гранит“ најави дека во период од пет години, почнувајќи со годинава, планира да исплати вкупна дивиденда вредна 10,45 милиони евра.

Просечно годишно во периодот од 2024 до 2028 година компанијата ќе исплаќа просечно годишно по 2,1 милиони евра на своите акционери, покажуваат официјалните податоци од Финансискиот петгодишен план на „Гранит“.

Документот што го објави „Гранит“ со сите релевантни податоци од неговиот финансиски план е достапен на СЕИ НЕТ платформата на Македонската берза на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=68910

Значајно, на краток рок, за сите потенцијални и актуелни акционери во “Гранит“ е тоа што за годинава е планирана исплата на дивиденда во вкупен бруто износ од 1,89 милиони евра. Ако се оствари планот сите акционери на „Гранит“ годинава може да очекуваат бруто дивиденда од 42 денари за акција.

Од податоците во финансискиот план е евидентно дека вредноста на исплатените средства за дивиденда од година во година во периодот од 2024 до 2028 година расте за по 100.000 евра годишно.

Уште една важна информација за сите актуелни и потенцијални акционери е тоа што акумулираната добивка на компанијата до 2028 година треба да се зголеми за над 5 милиони евра и да достигне 42,9 милиони евра.

Од бројните детали и финансиски информации содржани во планот вреди да се истакне бројот на проекти на кои активно работи „Гранит“ во овој момент, а се од среднорочен карактер. Тие се: автопатот Кичево – Охрид, автопатското решение Блаце (македонско-косовска граница), експресниот пат Крива Паланка – Длабочица, реконструкцијата на тетовската обиколница, топловодниот систем на РЕК Битола и антенскиот систем на кулата на Водно (Скопје).

„Гранит“ во својот план најавува голема градежна офанзива која се состои од изградба на 7.000 квадратни метри нови станови на атрактивна локација во Скопје (кај Олимписко село). За тоа компанијата веќе купила земјиште и платила комуналии, а вкупната вредност на вложувањето е 4,3 милиони евра.

Најголеми поединечни акционери во „Гранит“ се братот и сестрата Зоран и Ивана Милковски кои , во најголема мерка како наследство од нивниот татко Страшо, поседуваат 9,8 отсто односно 9,3 отсто од акциите на компанијата. Трет по големина акционер е српската фирма „Бад коп“ ДОО Белград поседува 5,1 отсто од акциите. Во сопствен откуп компанијата чува 9,8 отсто од акциите. Заради статусот „сопствен откуп“ тие акции се без право на глас и не носат дивиденда.

„Гранит“ има над 3.700 акционери - домашни физички лица. Тие поседуваат 71,3 отсто од сите акции со право на глас.

Р.Ф.

foto freepik.com/josemiguelsangar

Можеби ќе ве интересира

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите