25 Ноември, 2024
0.0278

Колев за Фактор: Ќе ги намалиме даноците и придонесите, следува „ресет“ на системот

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Многу изборни ветувања, програми, стари и нови политички ликови. За многумина сепак тој е едно освежување. Станува збор за младиот политичар од Штип, Петар Колев кој најавува дека целта на Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) чиј претседател е да предизвика коренит „ресет“ на нефункционалниот систем во Македонија, и со тоа да им ги наруши пазарењата на големите партии. Вниманието врз ГДУ, Колев го привлече кога минатата недела заедно со кандидатите од ГДУ најавија дека кога ќе влезат со Собранието ќе се откажат од пратеничката плата и другите бенефиции над износот од 14.500 денари. Заштедата што би останала во Собранискиот буџет најавија дека ќе се даде во хуманитарни цели и помош на ранливите категории.

Млади политичари, кои се едноставни во најавите и тргнуваат со лични примери. Слично и концептот на ГДУ не е оптоварен со големи проекти, туку со едноставни предлози како да се обезбедат пари за инвестиции, а воедно и да се намалиме давачките кои се на товар на граѓаните и на бизнисот.

„Состојбата сега може да ја опишете како „богата Влада, сиромашни граѓани”, но тоа не е одржлив систем. Околу 40 отсто од популацијата живее под прагот на сиромаштијата, јавниот долг до крајот на 2020 година ќе биде повисок за најмалку половина милијарда евра, стапката на невработеност допрва ќе расте, а досегашните популистички мерки не очекуваме да ја спасат македонската економија од можниот банкрот. Вистинската економска и финансиска криза и за Македонија допрва ќе почне. За жал, во изминатите 30-тина години системот го изобличија и сега тој е корумпиран, дискредитиран и неупотреблив. Приоритет се политичките реформи за да се отстранат „паразитските“ институции и функции со што ќе се намалат значајно трошоците во буџетот на Македонија. А потоа може да се пристапи и кон промени во финансирањето на буџетот и трошењето“, вели Колев.

ГДУ предлага поттикнување на конкуренцијата и консолидација на обемот на јавната потрошувачка преку повеќе мерки. Дел од неговите ветувања се формирање фискален совет, намалување на вкупните зафаќања од бруто платата по основ на даноци и придонеси, намалување и целосно укинување на ставките за разни административни надоместоци, глоби, судски и административни такси и разни други владини услуги кои се товар за граѓаните, како и воведување на законско ограничување за Владата да мора да ги реализира капиталните инвестиции. 

„За нас особено е важна следнава промена - распределбата на приходите од персоналниот данок да биде во однос 50:50 меѓу Централниот буџет и локалните власти. Ова ќе ги стимулира вработените да плаќаат придонеси зашто знаат дека половината од парите ќе се вратат и инвестираат таму каде живеат“, вели Колев.


За партијата во следните четири години покрај политичките реформи, приоритет треба да има и промената на изборниот модел и процедурите, потоа силно протресување на правниот систем и судството, како и реформите на образованието и здравството, проследени со економски мерки кои ќе ги зголемат инвестициите во внатрешноста на Македонија, а со тоа може и ќе ги вратат жителите и во градовите.

„Сите можеме да бидеме борци на Фејсбук или на кафе и да чекаме некој нов Гоце или Даме, и истовремено да им оставиме на постојните политички корпорации бескрајно чист простор да одлучуваат за секој сегмент на нашиот живот. И нашиот живот како на филм ќе се врти во круг, со ротација на главните актери и статисти. Јас не можам да се насладувам на животот ако околу мене поголемиот дел офкаат и се иселуваат зашто системот ги штити моќните, зашто наметнаа став дека доблест е да си корумпиран, а срамота е да си чесен. Затоа си рековме доволно беше, и решени сме да бидеме упорни и да покажеме на секој граѓанин дека сме сериозни во нашата намера. Зашто, ако заборавениот Исток добие развиено здравство со модерни здравствени услуги за пациентите, модерни училишта со програма според германскиот модел, инфраструктура и локална самоуправа која ќе креира услови за развој на малиот и семејниот бизнис, со што ќе се отворат и нови работни места... жителите на Штип, Кочани, Струмица или Делчево ќе немаат причина да се иселуваат во Скопје или во поголемите европски градови“, објаснува Колев.

За Граѓанско Демократската Унија ова се првите парламентарни избори, но најавуваат дека нема да бидат и последни. Ќе останат упорни, да ги убедат и неверниците дека постои капацитет за промена на системот во Македонија.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик