05 Декември, 2025
0.2014

Повторно проблеми со откупот – пченицата ќе остане во амбарите?

Објавено во: Агробизнис 31 Јули, 2014 09:24

Добивај вести на Viber

Жетвата на пченицата е во полн ек, а земјоделците и мелничарите и годинава во клинч. Проблемите околу откупната цена на пченицата не изостануваат и годинава. И покрај тоа што пред жетва Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство излезе со соопштение дека мелничарите и земјоделците постигнале договор за откупната цена, на терен состојбата е поинаква. Производителите на пченица велат дека мелничарите не го почитуваат договорот и предупредуваат дека голем дел од домашната пченица ќе остане во амбарите на земјоделците.
Жетвата привршува, а откупот е тежок. Тоа што го договоривме не се почитува. Во борба за профит мелничарите го занемаруваат договореното. На средбата со ресорниот министер и со мелничарите се договривме откупните цени во зависнот од кавлитетот да бидат 11,12 и 13 денари за килограм пченица. Сега на терен се плаќа од 9 до 11 денари за килограм, ретко некој плаќа 12 денари. Нашите мелничари ги штитат српските земјоделци, увезуваат пченица од Србија , нивните силоси се полни со српска пченица, а нашата пченица стои во нашите амбари. Има региони каде што воопшто не се откупува пченица. Со вакви цени нас производството не ни е исплатиливо, и мислам дека за следната сеидба површините со пченица ќе се намалат. Залудни ни беа средбите со ресорниот министер, оти мелничарите си кажуваат дека ќе си купуваат пченица од каде што им е нив најисплатливо“, вели за Фактор, Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците на Македонија.
Дел од мелничарите пак ги отфрлаат обвинувањата на земјоделците, и велат за квалитетна пченица плаќаат висока цена. Тие укажуваат дека за да се добие квалитетно брашно за леб и пецива, македонската пченица мора да се меша со увозна пченица, а цената на увозната пченица е најниска токму во овј период во ек на жетва.
Заклучокот на состанокот со ресорниот министер беше да се следат понудата и побарувачката, пазарот ја диктира откупната цена. На терен според мои информации, откупната цена не е под 10 денари за килограм, јас купувам пченица по оваа цена, а за кавлитетна како на пример од битолскиот регион плаќам и повеќе 11, 12 или 13 денари за килограм плус ДДВ. Нашата пченица мора да се меша со увзона за да ние произведеме квалитетно брашно за леб и бели пецива. Освен битолскиот регион, во другите региони квалитетот на пченицата не е добар, особено сега со дождовите. И ние мора да увезуваме особено сега кога е најевтина. Годинешниот род ќе тежи околу 300.000 тони, доволно за домашните потреби, но голем дел од таа пченица ќе биде за добиточна храна, за брашно да увезуваме. Тоа што земјоделците велат дека целата пченица е квалитетна, еве јас предлагам експертите нека напаравт анализи на терен и нека ги кажат резултатите“, вели Николчо Ѓорѓиев, претседател на групацијата на мелничко-пекарска индустрија при Стопанската комора на Македонија.
Дополнителен проблем според земјоделците е тоа што годинава се укина мерката за поврзување на откупот со увозот на пченица, односно за 1 килограм увезена пченица, мелничарите да откупуваат 3 килограми домашна пченица, односно 4 килограми домашно брашно. Според упатените, мерката годинава не важи бидејќи лани токму поради оваа мерка за малку се избегна трговска војна со Србија, а предупредување добивме и од членките на ЦЕФТА. Во јуни годинава Министерството за земјоделство даде зелено светло квотата за увоз на пченица од Светската трговска организација наместо шест месеци да трае цела година. Тогаш мелничарите изјавија дека предвидената квота за увоз 80.000 тони, е доволно количество. Уште тогаш земјоделците реагираа дека ваквата мерка е погубна за домашното производство, а мелничарите пак изјавија дека мерката е добра за одржување на мелничаркста индустрија. Дождовите може да ја стопираат жетвата? Речиси 70 отсто од годинешното лебно зрно е ожненано и покрај одредени прекини поради обилните дождови. Врнежите кои се прогнозира дека ќе траат до викендов може повторно да ја стопираат на неколку дена жетвата. Агрономите велат дека засега нема некои сериозни нарушувања на квалитетот на пченицата, но дека сепак тоа зависи од сортата, регионот и од интензитетот на врнежите.
Честите врнежи зависно од сортата може негативно да влијаат врз пченицата во однос на квалитетот. Ако овој период не се интензивираат врнежите, тогаш добриот квалитет ќе се задржи, но бидејќи веќе најавија дека деновиве ќе има врнежи, очекуваме во некои региони да има полегнување и изронување. Во некои делови веќе има потемнување на лебното зрно, но тоа не е страшно оти е површински односно не е навлезене во внатрешноста на зрното. Моментално кавлитетот на пченицата е подобар од минатата година, но сепак не е толку добар колку што очекуваме на почетокот. Имаше појава на болести во април и во мај, кои во некои региони уништија дел од житото. Во однос на количините повторно нема да бидат колку што очекувавме, но сепак повеќе од лани“, вели за Фактор, професорот Дане Бошев од Факултетот за земјоделски науки и храна.
Битолскиот регион важи за најголемиот производител на пченица со висок квалитет. Земјоделците велат дека годинава големите производители ќе имаат род и до 6 тона од хектар. Во битолско жетвата е речиси завршена.
„Овие денови бидејќи се најавија врнежи може да има стопирање на жетвата од неколку дена. Квалитетот и родот се подобри од лани. Има некаде намалување на хектолитарската тежина на пченицата. Но би им порачал на професорите од нашите факултети и од институтот во следниот период да посветат поголемо внимание на заштитата од болести кај пченицата. Пламеницата пред извесен период направи огромни штети на пченицата во некои делови од земјава, поради отсуството на заштита, стручњаци и ефикасни заштитни средства“, вели Тантаров.
Годинава пченицата е засеана на околу 100.000 хектари од кои се очекува производство од 300.000 до 330.000 тони. Просечните приноси според проценките ќе се движат од 3 до 3,5 тони од хектар. Ј.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?