20 Април, 2024
0.0267

Колку часови македонските граѓани разговараат преку телефон?

Објавено во: Анализа 25 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани се помалку зборуваат на фиксен, а се повеќе на мобилен телефон. Ова го покажува најновиот извештај на Агенцијата за електронски комуникации. Бројот на претпланици во фиксната телефонија се намалува, а се зголемува во мобилната. На мобилен телефон македонските граѓани разговарале 18,2 милиони часа, или во просек во последните три месеци од 2012 година секоја зборувал по 9,1 часа. На фиксен телефон пак македонските граѓани разговарале 2,7 милиони часа од фиксните телефони во последните три месеци од 2012 година. Или секој граѓанин зборувал во просек по 1,3 часа. Фиксна телефонија Фиксниот телефон се помалку се употребува,а податоците од најновиот извештај на АЕК покажуваат дека најмногу фиксните линии ги откажувале домаќинствата, а помалку компаниите. Во последниот квартал од 2012 година активни биле 408.318 фиксни линии. Споредено со истиот период од 2011година регистриан е пад од 3,25%. Но, подеталната анализа покажува и дека т.н обичен телефон е на удар на фиксната линија од алтернативните оператори односно фиксните линии што се нудат од кабелските мрежи. Според податоцит се помалку се користат ISDN I PSTN линиите во фиксната телефонија, но се повеќе се зголемува употребата фиксните телефони преку кабелските мрежи. „Голем раст може да се забележи кај бројот на линии преку кабелски мрежи кој изнесува 30,59% односно од 46.179 линии во четвртиот квартал од 2011 година до 60.307 линии во четвртиот квартал од 2012 година“, пишува во анализата на АЕК. Почнувајќи од 2008 година на пазарот влегуваат најголем дел од алтернативните оператори кои со текот на времето го зголемија своето учество (според приходи и сообраќај) на пазарот на фиксна телефонија, што не е исклучок и за 2012 година. Во четвртиот квартал од 2012 година уделот на алтернативните оператори според број на фиксни линии изнесува 34,46%. Во вкупниот број на фиксни линии учеството на Македонски Телеком е 65,54%, додека од алтернативните оператори најголемо учество има ОНЕ Оператор со 15,44%, понатаму следуваат: Близу (8,97%), Аикол (4,89%), Неотел (3,95%), Инфел Нет Плус (0,98%), Т-Мобиле (0,24%). Мобилна телефонија Според податоците за последните три месеци од 2012 година, во Македонија имало вкупно 2.235.460 активни претплатници во мобилната телефонија, што во однос на истиот период од минатата година е раст за 1 отсто. „ВИП Оператор бележи континуиран раст низ кварталите, неговото учество во однос на истиот квартал од претходната година е зголемено за 2,64 процентуални поени наспроти опаѓањето на учеството на Т-Мобиле и тоа во вредност од 4,09 процентуални поени. Операторот Оне го зголемил своето учество на пазарот во однос на истиот квартал од претходната година за 1,45 процентуални поени“, пишува во извештајот на АЕК. Колку долго се зборувало на телефон, колку СМС И ММ се испратени? На мобилен телефон македонските граѓани разговарале 18,2 милиони часа, или во просек во последните три месеци од 2012 година секоја зборувал по 9,1 часа. За разлика од истиот период од 2011 година кога на мобилен се зборувало 15,5 милиони часа. Или секој зборувал по 7,7 часа. Во последните три месеци од 2012 година биле испратени СМС 116.961.383 или 11,1 % помалку од истиот период во 2011 година. Во последниот квартал од 2012 година се испратиле 229.205 ММС. На фиксен телефон пак македонските граѓани разговарале 2,7 милиони часа од фиксните телефони во последните три месеци од 2012 година. Или секој граѓанин зборувал во просек по 1,3 часа. Споредено со истиот период од 2011 година граѓаните разговарале 3,2 милиони часа.  Или во просек секој зборувал по 1,6 часа. Само во четвртиот кваратал од 2012 година, биле остварени 69,1 милион повици што во споредба со истиот период од 2011 година е пад за близу 20% бидејќи тогаш биле остварени 86,3 милиони повици.  

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!