20 Април, 2024
0.0291

Колку часови македонците зборуваат на телефон и колку СМС пораки праќаат?

Објавено во: Анализа 08 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани се помалку зборуваат на фиксен телефон, а се повеќе ги користат мобилните телефони, ова го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Наташа Стојановска Минатата година, граѓаните на мобилен телефон разговарале вкупно 62,1 милиони часа, односно во просек секој граѓанин на мобилен телефон зборувал 31 час. Многу помалку часови граѓаните поминале разговарајќи на фиксен телефон. Според податоците на статистика, минатата година македонските граѓани на фиксен телефон вкупно зборувале нешто повеќе од 12,5 милиони часа, односно во просек секој граѓанин на фиксен телефон разговарал по 6,3 часа. Компаративните податоци покажуваат тренд на намалено користење на фиксната телефонија а зголемување разговорите во мобилната телефонија. Од 2006 година во континуитет се забележува огромен скок во разговорите на мобилната телефонија, паралелно проследен со огромен пад на разговорите во фиксната телефонија. Во 2006 година вкупно на мобилен телефон, граѓаните зборувале 11,2 милиони часа, и за шест години има огромен скок во зборувањата на мобилен телефон кои лани надминуваат 62 милиони часа. Односно во 2006 година, во просек секој граѓанин зборувал по 5,6 часа на мобилен телефон, а веќе во 2011 година во просек секој граѓанин на мобилен зборува повеќе од 31 час. За разлика од позитивниот тренд во мобилната телефонија, кај разговорите во фиксната телефонија има негативни резултати. Па така, во 2006 година граѓаните на фиксен телефон разговарале 29 милиони часа, но за шест години има огромен пад и зборувањата на фиксен телефон сега се сведени на 11,7 милиони часа. Односно , во 2006 година секој граѓанин на фиксен телефон во просек зборувал по 14,5 часа додека, сега во 2011 година 5,85 часа. Падот во фиксната телефонија не запира ниту годинава споредено со претходната година Фиксна телефонија Во првите три квартали од 2012 година, граѓаните на фиксен телефон зборувале вкупно 8,7 милиони часа за разлика од 2011 година кога во истиот период граѓаните зборувале вкупно 9,3 милиони часа на фиксните телефони. Ова значи дека годинава секој граѓанин во просек зборувал по 4,35 часа на фиксен телефон додека лани во просек секој граѓанин на фиксен телефон зборувал по 4,75 часа. Повици во фиксната телефонија Растот во мобилната телефонија продолжува и годинава во споредба со минатата година Мобилна телефонија Во првите три квартали од 2012 година, граѓаните на мобилните телефони поминале 54 милиони часа , за разлика од 2011 година во истиот период кога зборувале 44,8 милиони часа. Односно, годинава во првите три квартали, во просек секој граѓанин на мобилен телефон зборувал по 27 часа , додека минатат година во просек секој граѓанин зборувал по 22,4 часа.“ Повици во мобилната телефонија СМС пораки              Во континуитет расте и бројот на СМС пораки што македонските граѓани ги испраќаат. Од 2006 година па до септември годинава вкупно се испратени  3 090 913 000, односно секој Mакедонец за изминативе шест години пратил по 1 545 смс пораки. Најмногу или близу 600.000.000 СМС пораки биле испратени во 2008 година.  

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!