01 Јуни, 2023
0.0313

Колку чини литар гориво без давачките кон државата?

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Литар безоловен бензин и дизел за 39 денари. Толку би чинело горивото на бензинските пумпи ако од малопродажната цена се одбие делот кој оди во државната каса, преку разни давачки, даноци и акцизи, а остане само производствената цена и трговската маржа. Нафтените деривати се добри полначи на буџетот поради нивната голема потрошувачка од населението и стопанството, па затоа секоја држава сака да загризе што поголем дел од овој колач и тешко се откажува од приходите од нив. Последен таков пример е зголемувањето на акцизата за дизел горивото од 1 јануари годинава за 3 денари, а со додаден ДДВ за 3,5 денари по литар, што треба да донесе дополнителни 30 милиони евра во буџетот.

Цената на нафтените деривати кај нас не се одредува пазарно туку неа ја одредува Регулаторната комисија за енергетика на секои две недели. Основа за формирање на цената што ја плаќаме кога точиме гориво на бензинска пумпа, е рафинериската цена, која се одредува според методологијата пропишана со Анекс Д од Договорот за купопродажба на акции и за концесија на Рафинерија АД „Окта“ Скопје, потпишан меѓу Владата на Република Македонија и акционерското друштво „ЕЛ.П.Е.Т. – Балканики” како стратешки инвеститор, кое е во сопственост на грчки „Хеленик петролеум“.

Рафинериската цени се одредува според просечната цена на суровата нафта од типот „брент“ на Лондонската берза, како и движењето на референтните цени на одделни нафтени деривати во изминат четиринаесетдневен период, вредноста на манипулативните трошоци, трошоците за транспорт, осигурување, царински давачки, шпедиција, банкарски провизии, трошоци за испитување на квалитет на суровата нафта и рафинериска цена за преработка на тон сурова нафта и според просечниот курс на доларот.

Малопродажната цена на нафтените деривати се формира кога на рафинериската цена се додаваат трговската маржа, трошокот за превоз, акцизата, ДДВ, надоместоците за животна средина и за задолжителни нафтени резерви.

Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика од 28 мај, највисоката производствената цена за безоловниот бензин БС-95 е 35,80 денари за литар, за БС-98 е 37,36 денари, а за дизел 35,93 денари.

На оваа се додава трговска маржа од 3,2 денари за литар бензин или дизел. На секој продаден литар безоловен бензин се плаќа по 0,080 денари на име надоместокот за животната средина и 0,030 денари за дизел. Државата наплаќа и надоместок за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати од 0,890 денари за литар безоловен бензин и 0,300 денари за дизел. Трошоците за превоз се 0,50 денари за литар. Акцизата за безоловниот бензин од 95 октани изнесува за 21,818 денари за литар, а за дизел горивото 15,121 денари за литар. На крајот се додава Данокот на додадена вредност (ДДВ) од 18 отсто, кој исто така завршува во државната каса. Кога се ова ке се собере се доаѓа до актуелната цена на БС- 95 од 73,50 денари за литар и на дизелот од 65 денари.

Интересно е тоа што Регулаторната комисија за енергетика на трговците им нуди четири нивоа на малопродажни цени на нафтените деривати засновани на четири различни трговски маржи, кои меѓусебно се разликуваат за 0,5 денари по литар. На овој начин се дава можност трговците да одберат и применат различни ценовни нивоа, со тоа што разликата помеѓу највисоката и најниската малопродажна цена за соодветен нафтен дериват изнесува 1,5 денари по литар. Ова се прави од крајот на 2004 година, а со цел да се поттикне конкуренцијата меѓу бензинските пумпи, односно во секторот малопродажба на нафтени деривати. Но, досега во изминативе 14 години не се случило ниту еден трговец да продава деривати кои ќе бидат поевтини од највисокото определено ниво.

Причина за тоа, можеби лежи во фактот дека од 286 бензински пумпни станици во Македонија, дури 126 се на „Макпетрол“, а потоа следат „Лукоил Македонија“ со 29 пумпи, 25 бензински станици се под брендот на „Окта“, додека преостанатите се во приватна сопственост на повеќе домашни мали претпријатија.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

Посетата на Кина го врати Илон Маск на првото место на листата најбогати во светот

Посетата на Кина го врати Илон Маск на првото место на листата најбогати во светот

Бектеши најави колкаво поскапување на струјата се очекува

Бектеши најави колкаво поскапување на струјата се очекува

Бесими: Во преговори сме со американска државна банка да го финансира проектот на „Бехтел и Енка“

Бесими: Во преговори сме со американска државна банка да го финансира проектот на „Бехтел и Енка“

Бојан Маричиќ: ЕУ по втор пат прашува за „Бехтел и Енка“

Бојан Маричиќ: ЕУ по втор пат прашува за „Бехтел и Енка“

Поголемиот буџет донесе рекордни исплати за политичките партии

Поголемиот буџет донесе рекордни исплати за политичките партии

ОД ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА „ИЗВИРА“ ЛИТИУМ: Ќе отвораат рудници и ќе се зголемува производството на електрични возила

ОД ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА „ИЗВИРА“ ЛИТИУМ: Ќе отвораат рудници и ќе се зголемува производството на електрични возила

ПАДНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Загрижувачките вести од Кина го „срушија“ барелот

ПАДНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Загрижувачките вести од Кина го „срушија“ барелот

ПАДНАА ИНДЕКСИТЕ НА ВОЛСТРИТ: Инвеститорите стравуваат од зголемување на каматните стапки

ПАДНАА ИНДЕКСИТЕ НА ВОЛСТРИТ: Инвеститорите стравуваат од зголемување на каматните стапки

Кина го лансираше Шенжу-16, вселенски брод со екипаж на 5-месечни интензивни задачи во вселенската станица

Кина го лансираше Шенжу-16, вселенски брод со екипаж на 5-месечни интензивни задачи во вселенската станица