Колку граѓани во Македонија се хранат во народни кујни?
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2019 06:30
Три оброци дневно или богата трпеза е само сон за многу македонски граѓани кои живеат во тешка сиромаштија.
Во моментот низ цела држава функционираат вкупно 50 народни кујни, а нивните услуги секојдневно ги користат околу 3.000 лица, велат од Министерството за труд и социјална политика.
За помагање на старите и возрасни лица и лица во социјален ризик, Владата на Република Северна Македонија обезбедува еден топол оброк дневно во работните и ладен оброк за време на викендите во народните кујни.
„Право на топол оброк имаат сите повозрасни лица и лица изложени на социјален ризик кои живеат во неповолни станбени и животни услови и кои ќе се пријават во локалните Центри за социјални работи. Со новиот иновативен модел „Сите сите“ и „Ајде Македонија“ исто така се обезбедува храна за 3-4 пати повеќе граѓани отколку до сега, а „Сите сите“ и „Ајде Македонија“ е еден од начините преку кој ќе се развива социјалното претприемаштво и нуди различни услуги за најранливите категории граѓани. Преку оваа платформа вишоците на храна ќе се објавуваат на веб платформата и истите може навремено да се превземана од граѓанските организации кои понатаму ги донираат на лицата во социјален ризик. Иновативниот модел чија вкупна вредност изнесува околу 2 милони денари и е финансиран преку ФИТР годинава се пилотира на подрачјето на Куманово, Прилеп и Скопје, а планот е понатаму да се спроведува низ цела држава“, велат од МТСП.
Ако се вратиме наназад, 3.655 луѓе се хранеле во народни кујни во 2016 година.
Проектот народни кујни започна да се имплементира во 2007 година, со цел да им се помогне со топол оброк на најсиромашните граѓани.
Според податоци од 2017 и 2018 година, скоро половина милион македонски граѓани имаат потешкотии да си обезбедат храна или живеат со само еден оброк дневно.
Вредноста на Синдикалната минимална кошница минатиот месец изнесувала 32.990 денари, сума која за многу домаќинства е недостижна. 42% од овие пари се трошат за храна и пијалоци, односно 13.909 денари, покажуваат статистичките податоци.
Македонците се хранат онака како што им дозволува џебот, па така една анализа од 2011 година покажува дека ако Македонецот за оброк троши околу евро, Французин за истото троши по 6 евра.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




