16 Декември, 2025
0.0295

Колку ќе ја чини Србија заемот од Емиратите?

Објавено во: Балкан 06 Март, 2014 19:47

Добивај вести на Viber

На прв поглед, условите за таканаречениот „арапски кредит“ од една милијарда американски долари, што Србија го зеде од Обединетите Арапски Емирати, би израдувале секој просечен граѓанин доколку ги чуе од неговата банка. Кредитот е со рок на отплата од 10 години, со каматна стапка од 2%, првата рата ќе започне да се отплаќа за шест месеци. Но, ако се погледнат условите во кои земјата го зема кредитот, сликата е далеку од поволна. Според последните проценки на Фискалниот совет, Србија до крајот на годината ја очекува буџетски дефицит од 7% од БДП, кој мора да го намали на планираните 4,6%. На српската економија и се предвидува раст од само 1% годинава, така што останатиот минус ќе мора да се покрие со задолжување. Колку на една држава и е попотребно задолжување, толку кредитите што се нудат се поскапи. Кредитот од Емиратите изнесува само една милијарда долари, додека српската Влада планира од кредити да добие три милијарди евра. Оваа милјарда ќе мора да биде искористена за предвремена отплата на други кредити со повисоки каматни стапки, кои изнесуваат и над 7%, а кои српската економија веќе не може да ги издржи. Сепак овој кредит е далеку од трите милијарди евра кои и се потребни на Србија и тоа може да го разниша финансискиот план на државата. Информациите од крајот на минатата година покажуваат дека Србија била задолжена огромни  2.185.920.841.586 динари, а со нереформирана економија и во економска криза тешко добива поволни кредити за да ги отплати долговите што доспеваат. Пресметката покажува дека за да ги отплати долговите дома и во странство цела Србија треба да работи 2,5 години, а притоа да не потроши ниту динар!

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството