06 Октомври, 2024
0.0426

Колку ќе растат платите на администрацијата? Ветувања на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ!

Објавено во: Економија 07 Април, 2014

Добивај вести на Viber

И двете партии ветуваат раст на платите во администрацијата. Концептите како тоа би го направиле ако ја добијат власта на овие предвремени парламентарни избори се различни. СДСМ ветува раст кој ќе зависи од растот на економијата, ВМРО- ДПМНЕ ветува  раст од 5%.  Што им нуди СДСМ на административците? СДСМ ветува дека ќе воведе стимулативен систем на наградување на вработените во јавната администрација, а нивната плата ќе биде поврзана со растот на македонската економија. Секоја година во април Државниот завод за статистика го објавува растот на македонската економија во претходната година. Од тој до следниот април, платите на сите вработени во јавната администрација ќе се променат за половина од стапката на реална промена на македонската економија. „На пример, ако минатата година економијата имала реален пораст од 6%, тогаш од април оваа година до април наредната година вработените во јавната администрација ќе земаат плата повисока за 3%. Секој април ќе се врши ново усогласување. Со ваквата мерка јавната администрација ќе биде мотивирана да биде максимално ефикасна во опслужувањето на приватниот сектор. Успехот на македонската економија, односно на приватниот сектор, ќе биде успех и на јавната администрација. Тие ќе станат вистински партнери во работата, стои во партиската програма на СДСМ. Дополнително од СДСМ потенцираат дека во првите две години, платите на функционерите  нема да смеат да се зголемат. Дури во вториот дел од мандатот,се остава простор и тие да имаат корекција исто како и кај администрацијата. Понатаму во програмата на СДСМ во делот за администрацијата е наведено дека се планира заострување на критериумите за менување на актите за систематизација на работните меставо министерствата и другите органи на државна администрација. Тоа ќе се направи со цел политиката да нема, никакво влијание кога службеникот одлучува за правата, обврските и правните интереси на граѓ аните за чие остварување е надлежна јавната администрација. Ќе се намалат и трошоците за оние кои ќе конкурираат за вработување во администрацијата, а на кои сега им се бараат бројни сертификати што чинат пари. „Идната влада на СДСМ значително ќе го намали бројот на потребни документи и сертификати и со тоа ќеовозможи да конкурираат сите способни и квалитетни кадри, без оглед на нивната имотна состојба, стои во програмата на СДСМ. СДСМ ветува и флексибилно работно време на државната администрација, со почеток од 7.30 до 8.30 часот. „Ќе го елиминираме чекањето пред шалтерите за време на паузите со ангажирање на дежурни службеници. Со воведување на дежурни служби кои ќе работат по истекот на работното време на администрацијата, ќе овозможиме граѓаните да ги добијат потребните административни услуги и во попладневните часови, до 20 часот - по истекот на нивното работно време.“, пишува во партиската програма на СДСМ Што им нуди ВМРО-ДПМНЕ на административците? Доколку победи на изборите, во следниот четиригодишен период Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕќе ги зголемува платите на вработените во јавниот сектор по 5% секоја година со исплатата на платата за октомври. Вкупното зголемување на платите за четири години ќе изнесува 21,5%. „Зголемувањето на платите се однесува на просветните, здравствените, културните и социјалните работници, на вработените во судството, полицијата и во војската и на сите вработени во државната администрација и во јавниот сектор. Очекуваме порастот на платите во јавниот сектор да биде проследен и со постепено зголемување на платите во приватниот сектор во согласност со зголемувањето на економскиот раст и подобрувањето на состојбите во приватниот сектор, стои во партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ. Изработка на основен документ за јавната администрација во кој ќе се прецизираат стандардите и насоките за јавните институции како да комуницираат помеѓу себе при размена на податоци. „Целта е да се зголеми ефикасноста на јавниот сектор, да се подобри квалитетот на услугите што се нудат на локално и централно ниво,за што корист ќе имаат граѓаните и приватниот сектор. Реализацијата на проектот ќе придонесе за намалување на капиталните трошоци во јавниот сектор за ИТ и оптимизирање на оперативните трошоци. “, пишува во партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ. Во централни локации низ неколку градови ќе се постават автомати каде што граѓаните врз база на електронска идентификација (на пр. со биометриски документ) ќе можат да добијат повеќе услуги и документи од типот на извод од матична книга, имотни листови, документи од Централниот регистар, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Катастарот и другите. Цената на еден автомат според програмата ќе чини 14.600 евра. „Автоматите ќе бидат поврзани преку интернет до оние институции што ги издаваат своите услуги електронски. Граѓаните ќе можат преку платежна картичка да ја платат услугата и дополнителни услуги како вода, струја, телефонија итн. Особено ќе бидат корисни во општини каде што нема подрачна единица од централните институции и граѓаните постојано треба да патуваат до најблиската канцеларија, пишува во партиската изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ. Администрацијата и натаму ќе добива оценки од граѓаните за тоа колку е љубезна. Според програмата, ќе се продолжи со интеграција и консолидација на заднинските системи за работа во институциите каде што ќе се оценуваат шалтерските работници од граѓаните. За да може објективно да се оценат вработените во институциите што нудат услуги на граѓаните преку шалтер, и за да се оценат сите вработени што работеле на предметот, треба да се надградат системите за водење на документи за да може да се мери учинокот на сите вработените што работеле на него. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта