19 Декември, 2025
0.0512

Колку Македонци годишно добиваат бугарски пасош!?

Објавено во: Балкан 02 Јули, 2015 08:29

Добивај вести на Viber

Иако се фалат дека најмногу Македонци бараат бугарски пасош, сепак реално ситуацијата не е таква, но е многу блиску до тоа. Бугарските власти дале државјанство на 808 странци во 2013 година, покажуваат најновите податоци на Еуростат. Речиси половина од нив се Украинци (16,6%), Молдавците (16,3%) и Македонци (15,9%). Според статистиката на европскиот статистички завод – Еуростат, околу 100 македонски државјани во 2013 година ги поминале потребните процедури и добиле државјанство на соседна Бугарија. Ова не е многу мала бројка на годишно ниво, посебно ако се има предвид дека најголем број на бугарски пасоши од страна на македонски државјани беа извадени пред Македонија да биде ставена на белата шенген листа и пред да може слободно односно без виза да се патува во земјите од ЕУ. Најголемиот број од овие пасоши се поради можноста со бугарски пасош полесно да се дојде до работа во земјите од ЕУ. Статистиката на ЕУ ги става македонците трети на листата најбројни по добиени државјанства во Бугарија. 94% од граѓаните, кои добиле бугарско државјанство во 2013 година, се од земји надвор од ЕУ, покажува европската статистиката. Во целата ЕУ државјанство во 2013 година добиле 985 илјади странци, 89% од кои се од земји надвор од унијата. Најголем е бројот на граѓаните на Мароко - 86,5 илјади лица, од кои 84% добиле државјанство во Шпанија, Италија или Франција. Следни се рангираат Индијците (48,3 илјади лица, од кои 3/4 добиле државјанство во Велика Британија) и Турција (46,5 илјади луѓе, 60% од кои добиле германско државјанство). Вкупно Мароканците, Индијците, Турците, Колумбијците, Албанците и Еквадорците сочинуваат дури 1/3 од сите странци кои добиле државјанство во држава од ЕУ. Како апсолутна вредност најмногу странци добиле шпанско државјанство (225 илјади), Британско државјанство (207 илјади) и германско државјанство (115 илјади). Како број прифатени странци во локалното население водечки се Ирска со 5,3 државјанства на 1 000 лица, Шведска (5,2) и Шпанија (4,8). Во просек во ЕУ се издадени 1,9 државјанства на странски државјани на 1 000 жители. Обработка: К.К. Извор: Еуростат

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен