Колку мед по кошница очекуваат пчеларите?
Објавено во: Агробизнис 29 Јуни, 2016 10:04
Пчеларите велат дека оваа година е просечна за нив, а количините мед кои ќе ги извадат од една кошница се различни во различни краеви на Македонија.
Медот ќе го вадат во јули, по што ќе сумираат дали годината била медоносна или не. Димитар Варелов од пчеларското здружение „Нектар“ од Гевгелија објаснува дека оваа година не беше подобра од лани, но не беше ниту полоша.
„Во гевгелиско се очекува да има приноси по 7-8 килограми мед по кошница. Уште пчеларите не ваделе мед, но ќе почнат периодов. Оваа година имавме големи температурни разлики, деновите беа топли, а ноќите беа ладни“- вели тој.
Претседателот на пчеларското друштво „Пчела“ од Куманово, Часлав Ристовски вели дека оваа година не е медоносна, затоа што имаше дождови, многу топли денови и големи температурни разлики.
„Секаде е лошо, во сите осум региони на земјата, па и пошироко на Балканот. Во кумановско очекуваме околу 5 килограми мед по кошница. Сите пчелари со кои сум контактирал и сум ги прашал, сите се жалат дека годината е лоша, а никој не се пофалил досега дека е задоволен“- изјави Ристовски.
Благојче Најдовски од здружението „Пчела“ од Велес, раскажува дека Македонија има три климатски појаси, и во различни краеви пчеларите ќе имаат различни приноси на мед. Тој има стотина кошници мед, и вели дека оваа година најдобро ќе поминат пчеларите кои се во ниските делови на Македонија. Според него, не треба да се занемарат и климатските промени кои им штетат на пчелите.
„Македонија има три климатски појаси, што е богатство кое пчелите го претвораат во мед и пчелни производи, Не е исто дали се кошниците со пчели на Кораб, Шар Планина или во Гевгелија или Овче поле. Ниските делови ќе поминат подобро годинава, а во Западна Македонија приносите ќе бидат послаби. Во Повардарие, Овче Поле, во ниските делови се очекуваат по 15 килограми мед по кошница. Друг проблем е што овоштарите наместо да бидат пријатели на пчелите тие се непријатели. Па така во одредени краеви каде овошарството е развиено, можеби во Преспа на пример ќе се прскаат јаболката 17 пати и со тоа се уништуват инсектите, но и пчелите“- кажа Најдовски.
Пчеларите наведуваат дека месец мај беше влажен, а тоа негативно се одразува на пчелите. Огледувачите на пчели мора да менуваат одредени техники и пракси за да се изборат со лошите временски услови.
С.А.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





