07 Октомври, 2024
0.0253

Колку многу е премногу?

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Јавниот долг на богатите земји се зголеми нагло меѓу 2007 и 2012 година од средните 53% од бруто домашниот производ (БДП) до речиси 80%. Некои луѓе мислат дека тоа е сериозен проблем и тврдат дека владите треба да направат се што е можно да ги намалат долговите. Но ова мислење се поби од новиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), според кој "исплатата на долгот" (или корист споредбата на британскиот министер за финансии Џорџ Озборн - "поправката на покривот додека сонцето сјае") не е најразумниот пристап. Економистите на ММФ сметаат дека ако една влада денес може да избира меѓу тоа да има висок или низок долг, тогаш под еднакви услови на сè друго ќе (а така и треба) ја избере втората опција. На крајот, кога долгот е голем, владите треба да наметнуваат непријатни даноци, за да ги финансираат плаќањата по камата на долгот. А овие даноци ќе ја повлечат економијата назад. Но кога една влада се соочува со голем долг, дали е подобро да наметне штедење и да го плати, или треба да искористи од ниските каматни стапки, за да инвестира? Одговорот зависи од степенот на "фискалниот простор" на владата. Овој концепт претставува разликата помеѓу односот на долгот кон БДП на земјата и "горната граница", пресметана од агенцијата за рејтинг Moody's, над која треба да се преземат мерки за да се избегнат обврските. Врз основа на овој критериум земјите можат да бидат групирани во категории според тоа колку земјата се приближува до овој горен праг: безопасна (зелена) зона, со претпазливост (жолта), со значителен ризик (килибар) и високоризична (црвена). Тоа е погоден критериум за оценка на ранливоста на финансиите на Владата во однос на ударни ситуации. За земјите кои се поблиску до горната граница (од Жолтата или црвена категорија), во извештајот на ММФ не е особено корисен: тие мора да преземат акција за да го намалат нивото на задолженост. Но за земјите од зелена зона (меѓу кои САД е еден од многу добрите претставници, а Велика Британија е малку поназад), анализите на ММФ имаат јасна порака: не грижете се за долгот. За овие земји аналитичарите тврдат дека трошоците за зголемување на даноците или за намалување на корисните трошоци, со кои треба да се намали нивото на долгот, се повеќе од можните придобивки. За земјите во безбедната зелена зона авторите претстават пример, според кој една земја го намалува долгот од 120% до 100% од БДП. Тие проценуваат дека очекуваните негативи од повисоките даноци (од недостатокот на мотив за работа поради зголемените даночни стапки пример) најверојатно ќе ги надмине очекуваните придобивки (од понискиот ризик за обврските во случај на криза) десеткратно. Што треба да направат тогаш овие земји? Најдоброто нешто, се вели во извештајот, е едноставно да се овозможи на економскиот раст да си ја заврши работата. На долг рок, ако економијата расте побрзо од долгот, неговата тежина како процент од БДП ќе падне. Оваа анализа е прилично поедноставена. Има земји кои се многу заинтересирани за долгорочната динамика отколку од ефектот на заемот врз растот на краток рок (што често може да се покаже како релевантниот збор за владите со временски ограничени изборни мандати). Но е корисен потсетник за тоа дека не е задолжително јавниот долг да предизвикува паника. Навистина, а претходното истражување на ММФ ја покажа насоката на односот на долгот кон БДП може да е од поголемо значење од вкупните нивоа. Често фундаменталните компромиси меѓу негативите и придобивките од земањето на кредити со цел инвестирање се потценуваат. Можеби владите треба да погледнат повеќе разумно кон покривот пред да брзаат да го поправат. извор Економист

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип