19 Декември, 2025
0.1206

Колку може да издржи Грција без помош од кредиторите?

Објавено во: Балкан, Економија 02 Јули, 2015 12:06

Добивај вести на Viber

Задолжената Грција веќе има сериозни проблеми, но работите може да станат и полоши за економијата, валутаата, државниот сектор и банките, пишува  "Гардијан" во текстот под наслов "Колку долго може да преживее Грција без помош од доверителите ? "

Кои се клучните датуми? 30 јуни: одложено плаќање од 1,6 милијарди евра кон ММФ 30 јуни: две милијарди евра должат на вработените во јавниот сектор во Грција и на пензионерите 5 јули: референдум во Грција за тоа дали да бидат прифатени мерките за штедење 20 јули: 3,5 милијарди евра должат на Европската централна банка (ЕЦБ).

Банките се чини дека имаат доволно средства за да исплатат две милијарди евра за плати и пензии оваа недела, но она што е помалку јасно е колку средства останале во банкарскиот сектор за плаќања со штедачи.

Банките веќе ги ограничија своите клиенти за повлекувања во износ до 60 евра на ден, но никој сеуште не кажа колку долго банките ќе можат да ги полнат банкоматите.

Најлошото што може да се случи е грчката централна банка да биде принудена да премине кон нова валута, најверојатно со пониска вредност од еврото.

Грците може да подготвиле план за управување со долгови за неколку години, најверојатно со грејс период од една или две години додека земјата ги реши работите и со намалување на првично достасаниот износ.

Ако грчката централна банка не може да ги плати своите обврски од 3,5 милијарди евра на Европската централна банка на 20 јули, ќе има проблем.

ЕЦБ може да го прекине пристапот до еврото целосно Без пристап до евра на грчките банки ќе им биде тешко да останат отворени. Ако ЕЦБ не може да види решение на спорот меѓу Грција и нејзините доверители, може да одлучи дека Грција е во стечај и да го блокира понатамошниот пристап до грчки банки.

Според агенцијата за рејтинг "Мудис" неисполнување на обврските кон ЕЦБ би било последната капка.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен