20 Октомври, 2018
0.3714
    ALK 8129.21    0.97%     BESK 9474    -0.27%     CEVI 1000    0%     FERS 61933.45    4.96%     GRNT 829.62    1.98%     KMB 5199.83    0.93%     KVAS 14056    0%     MPOL 319    10%     MPT 47735.31    1.74%     MTUR 4817.17    2.49%     OHB 6549.95    1.87%     OKTA 4842.37    3.03%     RMDEN09 98    0%     RMDEN10 97.1    1.89%     RMDEN12 97    -0.1%     RZLV 64.5    -0.42%     RZUS 120    2.56%     SBT 2303.81    3.6%     STB 1149.67    2.33%     STBP 1100    0%     STIL 135    1.12%     TEL 288    2.86%     TKVS 5350    8.08%     TNB 14700    2.38%     TPLF 824.9    9.99%     TTK 1173.93    0.46%     UNI 2300    -0.46%

Блокада: Нафтените компании нема да чуваат ниту литар повеќе државни резерви за без пари

Објавено во: Анализа 25 Јули, 2018

Со години имаат обврска да ги чуваат државните резерви на нафта, а за тоа не добиваат ниту денар. Нафтените компании во чии складишта се чуваат државните резерви на нафтени деривати најавуваат дека нема да чуваат ниту еден литар гориво за резервите, додека не се утврди и регулира надоместокот кој државата треба да им го плати за чувањето. Новите измени на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати веќе се готови, но и таму нема член со кој се регулира ова. Проблемот не е нов, Макпетрол се откажуваше пред две години од лиценците за чување на резервите со образложение дека државата не им плаќа ништо за тоа, а на годишно ниво компанијата има трошоци од 1,5 милиони евра. Најголем чувар на државните резерви е ОКТА, голема количина чува и Макпетрол, а за помал дел се грижи Лукоил. Од Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта не даваат конкретен одговор, но велат дека остануваат одредбите нафтените компании како надомест за чувањето во текот на календарската година да можат да користат 30 отсто од резервите кои се во нивните складишта. Станува збор за одредба од времето на поранешна Југославија, која компаниите ја отфрлаат. Според измените, дел од резервите освен на територија во земјава, може да се чуваат и во складишта во земји членки на Европската Унија.

ПРОДАЖБА ЗА ИТНОСТ

Во новите измени стои дека нафтените компании имаат обврска да ги чуваат резервите. Тие дури се обврзани и да ги купат по целосна малопродажна цена, во случај на итна ситуација, а ако нема друг купувач.

„Во случај Дирекцијата да не успее да пушти задолжителни резерви на пазарот, обврска за купување на задолжителните резерви, како и нивна продажба и испорака до крајните потрошувачи имаат трговските друштва кои складираат задолжителни резерви и/или вршат енергетска дејност трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, сразмерно на висината на уплатата на надоместокот за задолжителни резерви во претходната календарска година“, стои во нацрт измените на законот.

Законот предвидува дека во случај на нарушување на енергетската стабилност во земјата, Дирекцијата може да продава дел од резервите. Сепак наши извори велат дека не е јасно дефинирано за кои точно ситуации станува збор.

Директорот на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта, Уљуси Бекири за Фактор вели дека надоместокот за чување, складирање и обновувањето на нафтените деривати од задолжителнте резерви е регулирано со закон и подзаконски акти. Тврди дека Македонија не е исклучок од регионот по решавање на ова прашање.

„Имајќи предвид дека на сила сеуште е Уредбата за утврдување на висината на надоместокот за чување и евапорација на задолжителните резерви на нафта и нафтени деривати, не е точна констатацијата дека трговските друштва складиштари на име на чување не добивале надомест за чување. Имено, за складирање, чување и обновување на нафтените деривати од задолжителните резерви како надомест на трговските друштва се смета остварениот приход од користењето за сопствени потреби на најмногу 30 отсто по дериват од задолжителните резерви, во тековната година, со обврска таа количина да биде во целост надоместена заклучно до 31-ви декември секоја година“, вели Бекири.

Сепак, нафтените компании не се задоволни и го отфрлаат ваквиот начин на компензирање на трошоците кои ги имаат за чување на државните резерви. Од ОКТА очекуваат дека конечно ќе се најде фер решение со кое сите компании кои чуваат државни резерви ќе добиваат соодветен надоместок, во согласност со праксата која постои во ЕУ.

„Можноста да се користат 30 отсто од задолжителните резерви е застарена формула која потекнува уште од времето на поранешна Југославија. Таквиот начин на компензација за нас има нула вредност. ОКТА, како компанија со најголем резервоарски капацитет во државата, има потенцијал да чува најголема количина од државните резерви на нафтени деривати. Со години успешно го правиме тоа и се грижиме за државните резерви што подразбира дека имаме значителни финансиски трошоци, а за тоа не добиваме никаков надоместок“ – вели Јанис Геруланос, Главен извршен директор на ОКТА АД – Скопје.

КОЛКУ ПАРИ СОБИРА И ЗА ШТО ГИ ТРОШИ

Според методологијата за пресметка на цените на горивата, потрошувачите плаќаат по 0,3 денари за секој купен литар дизел и по 0,89 денари за секој купен литар бензин за надоместок за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати. Од Дирекцијата не даваат детали колку пари се собираат по оваа основа. Според процените на познавачите, оваа сума надминува 10 милиони евра. Нафтените компании очекуваат дел од овие средства да се искористат за да се покријат нивните трошоци за чување на резервите. Категорични се дека ако не се најде решение, повеќе нема да купуваат нафта од резервите односно нема да се јавуваат на тендерите што ги објавува Дирекцијата.

Во последно време практика е дел од количните кои се од резервите да се даваат на државните институции. Дел од нив ги троши полицијата, дел железницата, јавните претпријатија. Пред извесно време, повеќе од пет милиони литри дизел му беа дадени само на ЈСП. Ако нафтените компании не купуваат повеќе, а ако државата само троши од резервите, тогаш станува дискутабилно и колку  резерви ќе има државата. Не соопштуваат сега, но според последните податоци во складиштата се чувале резерви за 70 дена. Дел од упатените велат дека тоа е малку веројатно.

Фактор завчера објави дека над шест милиони литри еуросупер БС од 95 октани и над седум милиони литри екстра лесно масло за горење, кои се дел од државните резерви на нафта, а биле складирани во два резервоари ќе продаде до крајот на годината, Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.Тоа ќе си го овозможи со измени на Законот за задолжителни резерви на нафта, кои веќе се објавени. Со измените и со дополнувањата на овој закон, Дирекцијата за прв пат уредува како може да продава нафтени деривати заради обновување.


Aлександра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

Кој е кој во бизнисот со продажба на бела техника во земјава

Кој е кој во бизнисот со продажба на бела техника во земјава

Заврши повикот за субвенционирање на нискобуџетни летови, само еден авиопревозник пријавен

Заврши повикот за субвенционирање на нискобуџетни летови, само еден авиопревозник пријавен

Како се делеле пари за лекувања во странство: Ревизорите откриле слабости кај ФЗОМ

Како се делеле пари за лекувања во странство: Ревизорите откриле слабости кај ФЗОМ